Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Ќе работам ден и ноќ за да ја обезбедиме европската иднина за граѓаните, да ги поправиме грешките
Македонија

Ковачевски: Ќе работам ден и ноќ за да ја обезбедиме европската иднина за граѓаните, да ги поправиме грешките

13/04/2024

AA

Имаме јасна визија и конкретен план, како да обезбедиме европска иднина за нашите граѓани и да ги поправиме грешките, заедно со мојот тим ќе работам ден и ноќ да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани, да живеат во европска Македонија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачавески, на денешната заедничка прес-конференција со европратеникот од редовите на Социјалдемократската партија на Австрија, Андреас Шидер.

Ковачевски посочи дека во изминатиот период се направени грешки, кои ќе се поправат во наредниот период, но дека сепак СДСМ како партија успеа да ги исполни стратешките цели за државата.

„Можам точно да кажам дека ги знам грешките кои беа направени во текот на изминатите години и добро е да се признаат грешките. Бидејќи човек кој ќе ги признае грешките може и има план како тие да ги поправи во наредниот период. Ние, секако дека направивме грешки, свесни сме за тоа, но една работа ја направивме правилно.Ја задржавме земјата на европскиот пат и како партија и јас како претседател на СДСМ, докажавме дека кога напорно се работи, не постои недостижна цел. Со нас Македонија стана земја членка на НАТО, и е земја со отпочнати преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик и идентитет и со македонската култура како дел од мозаикот на европските култури. Имаме демократија во која секој може слободно да го каже своето мислење, без да шепоти, земја во која парите се враќаат назад кај граѓаните и се менаџираат одговорно исто така е одлика на нашето водење на државата“, рече Ковачевски.

При тоа, Ковачевски потенцираше дека секој пат кога имало некое придвижување напред во годините од независноста на државата до сега, тоа било благодарение на владите предводени од СДСМ.

„Сетете се само на влегувањето во ОН, на добивањето на кандидатскиот статус за ЕУ, на влегувањето во НАТО, на отпочнувањето на преговорите со ЕУ. Се се тоа се процеси кои се предводени од претседатели или премиери од СДСМ. Така било и ќе биде и понатаму“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy