Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: ДПМНЕ од сабајле се ПРОТИВ уставното име, на пладне се ЗА а навечер НЕ ЗНААТ
Македонија

Ковачевски: ДПМНЕ од сабајле се ПРОТИВ уставното име, на пладне се ЗА а навечер НЕ ЗНААТ

23/02/2024

AA

ДПМНЕ од сабајле се против уставното име на државата, на пладне се за а навечер не знаат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање, повикувајќи ја опозициската партија да собере храброст и да каже дали се ЗА или ПРОТИВ Договорот од Преспа, дали се ЗА или ПРОТИВ преговарачката рамка со ЕУ, дали се за или против новото уставно име на земјата.

„Со популизам нигде не се стигнува. Вие имате на пример моментално ВМРО – ДПМНЕ тие велат договорот со Грција е реалност иако кажуваа дека дента кога ќе дојдат ќе го сменат уставното име и ќе го вратат старото уставно име. Сега гледате дека договорот бил реалност и дека тоа треба да се почитува. Така ќе направат и за се друго. Меѓутоа проблемот е тоа што кога ќе излезат надвор од државата сакајќи да покажат колку тие се големи патриоти ќе видат некој натпис којшто е Северна Македонија и сега ќе го бришат со пенкало итн. Ако вие сте решени како партија, како што ние сме решени Северна Македонија да стане земја членка на НАТО и сме ја направиме Северна Македонија земја членка на НАТО. Како што сме решение и ние и коалиционите партнери, Северна Македонија да стане земја членка на ЕУ и притоа сме гласале за преговарачка рамка во Собранието и со тоа сме покажале храброст, визија и другата страна треба да покаже храброст. Ако се против Договорот од Преспа, нека излезат нека кажат ДА, ние сме против Договорот од Преспа. Ако се против Преговарачката рамка, нека кажат ДА ние сме против преговарачката рамка. Ама да не биде како што беше со територијалната поделба правеа референдум, правеа хистерија во општеството дојдоа на власт, ништо. Не ја сменија територијалната поделба. Ако си маж, биди маж до крај. Не на една страна добар ден со грчката амбасадорка со знаме на Северна Македонија, пред натпис со Северна Македонија, а од друга страна никогаш Северна. Не бива тоа. Ако си против нешто, кажи дека си против нешто. Ако си за нешто, кажи дека си за нешто. Тоа ќе го почитуваме сите. Не од сабајле е против, на пладне ЗА, навечер изјава не знаеш ни дали е ЗА ни дали е ПРОТИВ. Јас ќе го почитувам секое мислење, меѓутоа еве кажете ми кое е мислењето на опозиција во однос на уставното име на Република Северна Македонија? Никој не знае“ рече Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy