Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Денешните лавови, 11 години беа мачиња, опозицијата денес блокира, шири етнички тензии и сака да нѐ врати во 2001
Македонија

Ковачевски: Денешните лавови, 11 години беа мачиња, опозицијата денес блокира, шири етнички тензии и сака да нѐ врати во 2001

14/10/2023

AA

“Ние во нашата држава имаме изградено мултиетничко општество, имаме изградено едно општество за сите, соживот којшто овозможува на секој поединец без разлика на неговата етничка, национална, верска или било каква припадност да планира и да го развива својот личен и професионален капацитет и својата кариера. Сметам дека тоа е голема придобивка.

Но, од друга страна постојат политички партии кои што се присутни и кај нас кои темите на етничката припадност сакаат да ги издигнат на своја политичка агенда и со тоа да внесуваат етнички тензии меѓу граѓаните кои се пропратени со ксенофобија и етнонационализам кои се дефинирани во модерната наука така како што го кажав и на празникот и вчера” истакна претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање по настан организиран по повод големиот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, во с. Селце, Прилеп.

Претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски исто така истакна дека истите политички партии, кои што денес зборуваат против одредени политички партии кои што се етнички предзнак, истите тие 11 години беа во власт споменатите партии.

“Истите тие партии кои што сега се прават лавови, 11 години беа како мачиња во коалиција со истата таа политичка партија ДУИ за која што денес зборуваат” рече Претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски

Претседателот на СДСМ и премиер Ковачевски, јавно постави отворено прашање до лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и членовите на неговото високо раководство, да споделат со јавноста колку пати во последните 6 месеци барале и оствариле со лидерот и високи функционери на ДУИ и за што разговарале на тие состаноци, доколку ги имале.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ОБЈАВУВАЛ РАСИСТИЧКИ СОДРЖИНИ Доби пријава за говор на омраза

21/11/2025
Македонија

СО ЛАЖЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АНГЛИСКИ КОНКУРИРАЛА ЗА ДИРЕКТОРКА НА УЧИЛИШТЕ

21/11/2025
Македонија

ИМА ВРСКИ МЕЃУ СДСМ И ИНИЦИЈАТИВАТА НА КАЦАРСКА ПРОТИВ ЛИНЕАРНОТО

21/11/2025
Македонија

ЗЕМАЛЕ ПОТКУП ОД СИНОТ НА ГАЗДА ДЕКО, ЗА ДА МУ

20/11/2025
Македонија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР И МНОГУ ДОЖД Невреме за

20/11/2025
Македонија

ВИДЕО Претепана малолетничка, но правдата е блокирана: Обвинителството во Штип

20/11/2025
Македонија

Новогодишна кампања на Телеком: Најтешката порака е неиспратената

20/11/2025
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО АПСЕШЕ, А СУДСТВОТО СУДЕШЕ ПО ЖЕЛБИТЕ НА ЗОРАН ЗАЕВ

20/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37887
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОХРИЃАНЕЦ ОБЈАВУВАЛ РАСИСТИЧКИ СОДРЖИНИ Доби пријава за говор на омраза

21/11/2025

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Д.(57) oд Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на

СО ЛАЖЕН СЕРТИФИКАТ ЗА АНГЛИСКИ КОНКУРИРАЛА ЗА ДИРЕКТОРКА НА УЧИЛИШТЕ Пријава за фалсификат во Пехчево

21/11/2025

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(57) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено

ИМА ВРСКИ МЕЃУ СДСМ И ИНИЦИЈАТИВАТА НА КАЦАРСКА ПРОТИВ ЛИНЕАРНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ Нека реши

21/11/2025

СДСМ нема јасен став за линеарното зголемување на пензиите, еден ден го поддржуваат, друг ден го критикуваат, рече денеска пратеникот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy