
Ковачевски: Денес е тежок удар за европската перспектива на Македонија
Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва од изборниот штаб вели дека јасно е оти граѓаните ги казниле и дека тоа го прифаќаат.
Вели се надевале на подобри резултати.
„Но јасно е дека луѓето не казнија и ние тоа го прифаќаме. Денес е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но се уште не е доцна да се смени правецот. Откажувањето не е опција за нас, ние никогаш нема да се откажеме од европската иднина на Македонија, имаме уште две недели да ја испратиме пораката до секој град, село, куќа, човек дека единствениот начин за вистинска и суштинска промена е европската интеграција на земјата“, вели Ковачевски.
