Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОВАЧЕВСКИ: ЦЕНИТЕ НА ТЕСТЕНИНИТЕ И МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ СЕ НАМАЛЕНИ, ова ќе биде олеснување на семејниот буџет
Економија

КОВАЧЕВСКИ: ЦЕНИТЕ НА ТЕСТЕНИНИТЕ И МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ СЕ НАМАЛЕНИ, ова ќе биде олеснување на семејниот буџет

16/03/2023

AA

Денес можевме да се увериме дека одлуката за намалување на цените се почитува од страна на производителите и од страна на троговците, и можевме да видиме дека се однесува како на цената на лебот, но има намалување и на цените на тестенините и на млечните производи. Ова сметаме дека ќе придонесе за олеснување на семејниот буџет на граѓаните, истакна премиерот Димитар Ковачевски при посета на еден маркет во главнот град. 

– Владата продолжува да го
штити стандардот и интересот на граѓаните. 
Приоритет на Владата е
граѓанинот на прво место, и носиме одлуки кои длабоко сум убеден дека ќе го
подобрат квалитетот на живот во нашата држава. 
Јавноста е запознаена дека пред
две недели донесовме одлука за замрзнување на цената на белиот и полубелиот леб,
но и дека донесовме одлука со која трговците се обврзани да прибавуваат и
продаваат определени видови и количества стоки на потрошувачите по одреден
редослед.

Иако оваа одлука наиде на
отпор, сепак беше користен за граѓаните, и не се дозволи дисбаланс на пазарот
на понудата и побарувачката. Како продолжение на нашата
одлука, донесовме уште една за намалување на цента на тестениние за 15 проценти.
На дел од млечните производи, меѓу кои кравјото млеко, урдата, сирењето,
кашкавалот, киселото млеко, павлата и јогуртот без додатоци, цената предвидовме
да се намали за 10 проценти, споредено со цената од 1 март оваа година.

Денес можевме да се увериме дека
ова намалување на цените се почитува од страна на производителите и од страна
на троговците, и можевме да видиме дека се однесува како на цената на лебот, но
има намалување и на цените на тестенините и на млечните производи. Ова сметаме дека ќе
придонесе за олеснување на семејниот буџет на граѓаните.

Со мојата посета денеска, но
и претходната посета при намалувањето на цената на лебот, сакам лично да се уверам дали се почитуваат одлуките, и колку за тоа имаат слух производителите и
троговците и дали се штити интересот на граѓаните. Многу пати сум кажал дека
никого нема да оставиме сам да се справува со кризата, но и нема да дозвилиме
личното профитерство да се остварува на грбот на граѓаните, особено сега, кога последицитеод кризата се големи, а од бранот на отпуштања никој не е имун – укажа Ковачевски. Тој потсети дека минатата година Владата определила 760 милиони евра за поддршка, кој бил оценет како најголем пакет, а истакна и дека ќе продолжат да ги поддржуваат компаниите, но
нема да дозволат да се уништува стандардот на граѓаните.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, посочи оти и понатаму планираат да ги поддржуваат компаниите кои ќе покажат општествена одговорност и кои ќе ги прилагодат цените. 

– 
Ги повикувам коморите и
компаниите да покажат општествена одговорност и самите да ги намалат цените на
производите, со оглед на намалување на цените на суровините на светските берзи.
Ако они покажат дека се совесни, и ги намалат сами цените, ние ќе излеземе со
нови мерки за поддршка, за да бидат и оние порентабилни.

Сега правиме анализи,
следната недела ќе има и нови мерки. Општествени компании кои ги почитуваат
мерките, но и за да се одржи нивната конкурентност, за да почнат со циклус на
нови работни места – посочи Бектеши. Министерот појаси дека со одлуката цените се намалуваат најмлалку за 10 и 15 проценти, додека оние кои сакаат можат и повеќе да ги намалат цените. 

– 
До утре ќе ги имам анализите
за цените на шеќерот, јајцата и оризот, и до крај на денот ќе го информирам премиерот,
дали има можности како кај другите производи да се реагира – дополни Бектеши.

Директорот на Државен пазарен инспекторат (ДПИ), Горан Трајковски пак посочи дека инспектораатот постапува со полн
капацитет, и посочи дека во текот на денот ќе има подетални информации дали има компании кои не ги почитуваат одредбите.

– Над 160 инспектори се на
терен низ целата земја. Апелирам, бидејќи имаше 6 дена период за прилагодување, компаниите да го почитуваат законот, бидејќи по законот за трговија, санкциите се од 800
до илјада евра… ние како инспекторат ќе ги вршиме надзорите согласно законот.
Досега нема нерегуларности, но да го почекаме крајот на денот, па потоа ќе
инфомираме, ќе ги објавиме прекршителите и со називите на трговските субјекти – посочи Трајковски. 

П.О.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy