Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Цените на лебот, млекото и месните производи намалени до 12 отсто во маркетите
Економија

Ковачевски: Цените на лебот, млекото и месните производи намалени до 12 отсто во маркетите

09/02/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека, иако во перцепцијата на купувачите не изгледа така, цените на прехрамбените производи се намалени по два месеци субвенционирање на електричната енергија за компаниите од прехранбениот сектор.

– Тоа се гледа и во маркетите, и цените на лебот и цените на млекото, и на месните производи кои што ги споменав се намалени од 7 до 12 отсто. Тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина, рече Ковачевски, кој додаде дека претходно ветено било на средбите со коморите дека ќе има намалување на цените во зависност од производите

Тој најави дека ако имало лани компанија која направила екстра-рпофит, таа ќе биде дополнително оданочена со Законот за солидарен данок кој веќе е испратен во Собрание. Истото мислење го сподели и министерот за економија Крешник Бектеши, кој дополни дека ако има такви фирми кои профитирале од кризата, тогаш дека тие ќе бидат дополнително оданочени.

– Тоа беше нивно најголемо барање (на коморите), да ја субвенционираме цената на струјата, и ние тоа го исполнивме како Влада. Сега тие треба да го исполнат тоа што го ветиле. Доколку не, ако имаме случаи на кризни профитери, ние ќе имаме барање до пратениците, вклучувајќи ги и тие на опозицијата, да им излеземе во пресрет на граѓаните, затоа што тие се пари на нашите граѓани и на сите фирми кои плаќаат даноци, да го поддржат новиот Закон за солидарност за поддршка на антикризните мерки, наведе Бектеши.

И Ковачевски и Бектеши пред медиумите рекоа дека Државниот пазарен инспекторат ги контролира маржите во маркетите и дека има трговци кои работат без добивка на одредени производи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy