Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски бара институциите да истражат – „Владата ќе и достави на ДКСК материјали за изградба на коридорите“
Македонија

Ковачевски бара институциите да истражат – „Владата ќе и достави на ДКСК материјали за изградба на коридорите“

28/03/2023

AA

Сите информации што се од јавен карактер и сите податоци за изборот, и на проектантот, и на изведувачот и на надзорот се јавно достапни во Бирото за јавни набавки. Може да отпочнат какви било постапки, а јас третпат го повикувам и Јавното обвинителство и Антикорупциската комисија да спроведат постапка за која имаат законска надлежност во однос на сите информации кои се достапни. А сите одлуки на Владата ќе бидат доставени со материјалите до Антикорупциската комисија, рече премиерот Димитар Ковачевски на седница на пратенички прашања во Собранието.

Тоа беше одговор за пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на собраниската седница за пратенички прашања кој праша дали треба да се отвори истрага за фирмата за надзор на изградбата на коридорите 8 и 10д во вредност од 22 милиони евра и зошто е избрана фирма без искуство за надзор која, како што рече, преку ноќ добила лиценца за надзор, како и грант државни пари од ФИТР.

Споредувајќи со други инфраструктурни проекти, Ковачевски рече дека вредноста на надзорот е најниска во вкупното учество на изградба на патишта досега.

– За коридорот 8 и коридорот 10д, процентот на вредноста за надзор и изградба на патот е 1,69. Значи, од вредноста од една милијарда 300 милиони евра од Договорот за проектирање и изградба за коридорот 8 и коридорот 10д, надзорот е 22,3 милиони евра или 1,69 проценти, што е најниско учество на надзор во вкупен проект на кој било автопат досега во државата, рече премиерот.

Тој демантираше дека биле барани пари и повика владите на Турција и на САД да дадат информација дали во текот на изминатите две години, колку што трае подготовката на овој проект, на некој од нив или нивни компании им биле побарани пари од нашата држава.

– Ова е прашање до Владата на САД и до Владата на Турција, рече Ковачевски.

Во однос на прашањето за надзор на коридорите, одговараше и вицепремиерот Артан Груби кој бил вклучен како претседател на Управувачкиот комитет на Владата за преговорите за изградба на двата коридора.

– Цела постапка е запазена и е помината низ сите управни постапки во државата, рече Груби.

Тој му одговори на Лефков и на барањето за објаснување за судир на интереси поради трансфер на пари од државата за фирма на неговиот брат. Во отсуство на обвинител, рече Лефков, ја прашува вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска дали со тоа се прекршени критериумите од Етичкиот кодекс за однесување на членови на Владата.

Груби одговори дека фирмата добила субвенција како и другите фирми во земјава за време на пандемијата.

– Во државата за време на пандемијата субвенции од буџетот на државата добиваа сите компании за времето кога не работеа, ги субвенциониравме сите вработувања во компаниите во државата. Ако има каков било сомнеж, поднесете документи да се истражи, ако има каков било криминал, тука сум, рече Груби и додаде дека за овие обвинувања ќе има тужба на суд за клевета и таму ќе ги соочат фактите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy