
Ковачевски: 2% од БДП ќе биде минимумот за финансирање во одбраната, ние 30% веќе одделуваме за модернизација
Премиерот Димитар Ковачевски при пристигнувањето на дводневниот НАТО самит во Вилнус истакна дека на самитот ќе бидат донесени важни заклучоци за дејствување на вода, копно и водух. Тој ја потенцираше и важноста за разговрорите кои денеска ќе се водат и по темата за сајбер одбраната.
„Дополнително во однос на финансирањето на сите овие потреби во одбраната, тоа значи дека 2% од БДП ќе биде минимумот за финанистање во одбраната, од кои 20% да бидат за модернизацијата. Северна Македонија е земја која веќе инвестира 30% од буџетот во модернизација“, истакна Ковачевски.
Тој додаде дека позицијата на Северна Македонија во однос на Украина е веќе јасна и ние како 30-та земја членка на НАТО ја поддржува идејата за отворена врата.
Инаку до овој момент најважна е одлуката која беше постигната вчера, за членство на Шведска во Алијансата.
