
КОВАЧЕВ: Властите во Македонија се со теза дека Бугарите се лоши и тие се виновни за сè
Бугарите не сакаат Унгарија да посредува во спорот со Македонија.
„Единствената европска преговарачка рамка за Република Северна Македонија нема да исчезне, без разлика колку Виктор Орбан ги нуди своите услуги“, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев од ЕПП по повод одвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон интеграцијата во ЕУ.
Вели дека главната теза на властите во Македонија е дека „патот на Република Македонија кон Европа е блокиран од Софија, Бугарите се лоши и тие се виновни за сè“.
Тој потсети дека поранешниот премиер Никола Груевски побегнал во Унгарија, а голем дел од македонските медиуми „на ВМРО се во рацете на Унгарците и воопшто не се пријателски расположени кон Бугарија и немаат дух на добрососедство“. Албанија почна преговори со ЕУ, а Македонија не.