Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костовски: Ќе се поништат 11 маркици за згради – Град Скопје ја поздрави одлуката
Македонија

Костовски: Ќе се поништат 11 маркици за згради – Град Скопје ја поздрави одлуката

15/03/2023

AA

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски вели дека денес на предлог на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Советот на Општина Бутел едногласно изгласа и даде целосна поддршка за поништување на 11 градежни маркици за згради од ДУП ССИ 06.07 и ДУП С16.

„За ДУП С16 кој е на сила ќе се отпочне постапка за измена на планот со цел бришење на 7 маркици за згради. А за ДУП ССИ 06.07 кој е во постапка ќе биде ревидиран и ќе се избришат сите згради кој што се уцртани во предлог планот.

Воедно сите политички партии кои се дел од Советот ја прифатија иницијативата на граѓаните за промена на трасата на бул. Боца Иванова.

Едногласно Општина Бутел и кажа НЕ на Данела Арсовска

Ова се прави за нашата иднина, се со цел да се зачува мирниот, спокоен живот кој што го сакаат и бараат граѓаните на општина Бутел.

Општина Бутел треба да дише а не да се дави во бетон и да се гради на секој слободен простор.

Повеќе зеленило, повеќе простор за спорт и рекреација беа дел од моите ветувања во мојата предизборна кампања.

Дополнително, на денешната седница на Советот на Општина Бутел се изгласа и иницијатива за поништување на ДУП С15.10 и С15.13 кој се наоѓа покрај булеварот Христијан Тодоровски Карпош.

Ова е можност за Арсовска да го реализира ветувањето кон граѓаните на Хо Ши Мин за изградба на мега парк кој е од голема потреба!

Општина Бутел е обединета во реализирање на своите проекти!“, вели Костовски.

Од Град Скопје ја поздравија одлуката!

„Ја поздравуваме одлуката на советниците во Советот на општина Бутел да го послушаат апелот на град Скопје и да ги избришат 7 маркици со кои се предвидуваше изградба на згради, а кој ДУП го гласал токму Дарко Костовски како советник во Советот на општина Бутел во 2015. година. Истите беа во директна спротивност на начелото за хумано живеење, како и со вториот план со кој се предвидуваа 26 метри високи згради.

Овие планови, кои денес укинаа со одлука на Советот на општина Бутел, апелираме да бидат пренаменети во простор за зеленило, паркови и игралишта.

Сепак, ова не ја менува суштината на проблемот во врска со бул.Боца Иванова. Трасата на овој булевар е утврдена со ГУП кој е повисок акт на ДУП и истиот не може да се промени со иницијатива на општина Бутел“, велат од Град Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy