Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костовска: Јазикот се штити со дела, а не со заплашувања
Македонија

Костовска: Јазикот се штити со дела, а не со заплашувања

24/01/2024

AA

На денешната панел-дискусијата на која учествуваше министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, „Инвестициите во инфраструктурата и во културата – траен влог за идните генерации“, проф. д-р Весна Костовска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ истакна дека со новиот Закон за употребата на македонскиот јазик низ конкретни и суштински чекори се потврдува вистинската и искрена заложба за заштитата на македонскиот јазик.

Професорката од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ посочи дека со доследна примена на овој закон, ќе се пристапи кон вработување на лектори по македонски јазик во сите државни институции и агенции, во училиштата, во издавачките куќи, во медиумите и секако со тоа ќе се зголеми интересот за студирање македонски јазик.

Костовска потсети дека минатата година, после цели 24 години, во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ се вработиле 16 млади кадри и додаде:„Постојано се повторува дека нашиот јазик е загрозен, не е загрозен. Доказ за тоа се активностите во Институтот за македонски јазик. Со новите вработувања на млади кадри, она што стагнираше, сега би рекла дека се случува бум во заштитата на македонскиот јазик, иако не одекна така во јавноста. Различни генерации во Институтот одлично соработуваат, се надополнуваме. Ние поискусните им го пренесуваме нашето знаење на помладите колеги, но и од младите учиме за современиот пристап кон јазикот и новите технологии“.

Голем исчекор кон мотивирање на младите за проучување на македонскиот јазик, нагласи Костовска, ќе биде и стипендирањето на ученици од четврта година средно образование и на додипломски и докторски студии, новина која што е предвидена со Законот за употребата на македонскиот јазик, кој се изработи во широка јавна расправа, со консултирање на голем број лингвисти, чии забелешки беа прифатени.

Осврнувајќи се на придобивките од донесувањето на новиот закон, кој в петок е на дневен ред на собраниска седница, Костовска потсети дека со законот пропишано е задолжително лекторирање на сите материјали со објавување на лекторот и задолжително вработување на лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на власт.

Професорката од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков, зборувајќи за тековни проекти, потенцираше дека оваа установа е успешна приказна, која, како што рече, изминатите неколку години има плоднотворна соработка со Министерството за култура, Министерството за образование и наука и Владата и токму затоа се реализирани капитални проекти важни за македонскиот јазик.

Костовска го спомена и капиталниот проект за дигитализација на сите картотеки на зборови на македонски јазик, со кој дигитализирани и трајно заштитени се пет милиони ливчиња на кои е запишано богатството на македонскиот јазик, кое со децении го собирале многу генерации истражувачи.

„Потребни се дела, а не зборови и заплашувања. Така се штити јазикот“, рече Костовска, која повика да се усвои Законот за употребата на македонскиот јазик кој во себе има добри решенија за унапредување на состјбите во јазикот и е основна рамка за почитување на стандардниот јазик.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy