Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „КОСТАЛ“ ИНВЕСТИРА ВО НОВА ТЕХНОЛОГИЈА: Ќе има нови вработувања, а производите ќе бидат наменети за Фолксваген, Ауди, Порше…
Економија

„КОСТАЛ“ ИНВЕСТИРА ВО НОВА ТЕХНОЛОГИЈА: Ќе има нови вработувања, а производите ќе бидат наменети за Фолксваген, Ауди, Порше…

13/09/2023

AA

Компанијата „Костал“ го проширува своето портфоли, во земајва ќе донесат нова производна линија која ќе се користи за производство на технологија наменета за Фолксваген групацијата, поточно рендовите фолксваген, Ауди, Порше, Шкода, Сеат…

На оваа тема состанок одржаа заменик-претседателот на владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи со главниот оперативен директор на германскиот концерн за производство на автокомпоненти „Костал“, Хансјорг Херман, и Директорот на „Костал“ Македонија, Виктор Мизо.

На состанокот се разговараше за креирањето на добра инвестициска клима која се препознава од новите странски инвеститори кои доаѓаат во земјава, при што Битиќи укажа дека за Македонија претставува голем успех и фактот што постоечките компании одлучуваат да го прошират своето производство и започнат нови инвестициски проекти.

– Со директорите на „Костал“, Херан и Мизо веќе започнавме да ги финализираме деталите за нивниот нов инвестициски потфат кој е во вредност од преку 45 милиони евра и ќе овозможи вработување на нови преку 200 наши сограѓани – изјави Битиќи.

На средбата, претставниците на „Костал“ го информираа вицепремиерот Битиќи дека ќе донесат технички најсофистицираната производна линија во државата која ќе служи за производство со воведување на SAC (Smart Actuator Charging) технологијата за производи наменети за Фолксваген Групацијата, за брендовите Фолксваген, Ауди, Порше, Шкода, Сеат.

Дополнително со новиот проект ќе биде воведена и новата SkinTec технологија за производство на кровни модули кои ќе бидат наменети за високата класа произведена од Daimler: Mercedes EQS, EQE, C+S Class, AMG SL.

– Проектот, односно производството на овие компоненти предвидено е да започне во октомври 2023, а неговото завршување е предвидено на крајот на 2028 година, што значително ќе го зголеми нашиот извоз како држава, затоа што станува збор за производи со најголема додадена вредност кои некоја странска компанија ги произведува кај нас – рече Битиќи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy