Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Костал“ го произведува најскапиот индустриски производ со додадена вредност во Македонија
Економија

„Костал“ го произведува најскапиот индустриски производ со додадена вредност во Македонија

07/06/2023

AA

Mенаџментот на „Костал“ во Охрид ги отвори вратите од својата фабрика за новинарите пред најавениот трет инвестициски циклус на германската компанија за изработка на делови и компоненти за автомобилската индустрија.

Станува збор за нов инвестициски проект за производство на полначи за електрични и хибридни возила, кој што ќе се реализира во периодот јули 2023 – декември 2026 година во вкупна вредност од речиси 50 милиони евра. Бројот на нови работни места кои ќе бидат дополнително креирани за овој инвестициски циклус ќе биде над 300 лица.

Покрај најавата за проширувањето на инвестицијатам светски познатата компанија за производство на електроника, мехатроника и софистицирани делови за автомобилската индустрија, пред медиумите го претстави таканаречени онборд чарџери – брзи полначи за погон на струја. Оваа технологија која користи висока волтажа (600-1000 волти) се користи за електричните возила.

Според генералниот директор Виктор Мизо, но и по она што ни го рекоа инженерите од фабриката, покрај сите софистицирани менувачи, прекинувачи и електронски контролори, онборд чарџерите се најскапиот производ што излегува од „Костал“ и наедно најквалитетниот продукт со додадена вредност што индустриски се произведува воопшто во Македонија. 

– Костал има многу свои патенти, а еден од нив е и онборд чарџерот кој е во производна програма од 2022. Надворешната наизменична струја ја трансферира во еднонасочна пред да влезе во батеријата на автомобилот или во двонасочна.  Онборд чарџерот е најкомплицираниот производ што се прави во Македонија и има најголема додадена вредност. Секако, постојат и поскапи производи од него во Македонија, но за нив се користат скапи суровини како благородни метали и за нив не може да се каже дека имаат некоја висока додадена вредност, како во нашиот случај, рече Мизо. 

Онборд чарџерот, како што ни беше кажано, е производ за групацијата „Фолксваген“, а Мизо најави и други патенти кои ќе се произведуваат во „Костал“ и ќе ја одбелчежат иднината. Еден од нив е и SkinTec Roof Module, односно кровови за автомобили што работат на допир. За овој проект ќе се вложат 5,6 милиони евра и ќе се произведува за Мерцедес.

Хансјоерг Херман, оперативниот директор на групацијата „Костал“ беше присутен во Охрид и рече дека во моментов треба внимателно да се балансира со производството бидејќи непознато е што ќе донесат самите европски и светски трендови.

– Се надеваме дека ќе дојде крајот на војната во украина, каде што имаме две фабрики, од кои една е уште активна. Освен тоа, никој не знае со сигурност дали ќе надвладеат генерациите на електричните возила, бидејќи тоа зависи и од макроекономските политики против загадувањето. На долги патеки тоа е дискутабилно – дали скаате да имате чиста зелена средина. Но и јас велам дека не треба да се брза, бидејќи во прашање се и лимитираните експлоатации на материјалите кои се потребни и синџирот на снабдување, вели Херман.

Директорот на „КОСТАЛ Македонија“, Виктор Мизо информираше дека досега компанијата има вложено над 100 милиони евра во фабриката во Охрид, а планот е да се започне со производство со воведување на најновите SAC (Smart Actuator Charging) технологии и системи за полнење од групацијата Фолксваген, истите ќе бидат вградени во најновите модели на: Фолксваген, Шкода, Сеат, Ауди и Порше. Системите за полнење на овие светски брендови за сите хибридни и електрични возила ќе бидат произведувани во Македонија, „Костал“ ќе стане единствена глобална локација каде ќе се произведуваат овие системи за енергетска електроника, без разлика на тоа каде крајно се склопуваат автомобилите.

Мизо споделувајќи ги плановите, рече дека следната година планот е соработката со локалните компании како ЛТХ Леарница, Таламон, Те-Те Пласт и Акомпласт да се искачи на 15 милиони евра. Бројот на просечно вработени во „Костал“ во 2023 е 1.087 со тенденција во следните години да расте на дополнителни 300-тини. Долгорочниот план е во 2029 е вкупното производство во Македонија да изнесува 650 милиони евра. Мизо порача дека е задоволен од државната помош, но и дека инфраструктурната поддршка треба да биде поефикасна.

– Нашите камиони од Охрид до српската граница пристигнуваат за пет и пол часа, а за истото време се стигнува од српската до унгарската граница. Покрај тоа, државата не им помага на големите компании на енергетскиот пазар со електрична енергија. За да заштедиме, ние сами ќе треба да си инсталираме фотоволтаици, но тие чинат 2 милиони евра, а за истите пари може да се отвори нова производна линија, смета тој. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy