Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска: Вложуваме во збогатување на културната сцена во Демирхисарско
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Вложуваме во збогатување на културната сцена во Демирхисарско

25/12/2023

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ја посети и општина Демир Хисар, која припаѓа во регион каде културата има длабока историја и традиција. За тоа сведочат активностите во Домот на културата „Илинден“ каде што работи Библиотеката „Петре М.Андреевски“, а веќе 80 години фолклорот го негува КУД „Илинден“.

Со директорот Славче Велјановски, министерката за култура ги сподели искуствата од развојот на културата во Општината, преку поддршката што оваа локална установа ја има со финасирање на програмите во сите области.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека за реализирање на идеите на младите од овој крај кои создаваат и во драмскиот аматеризам, и литературната област, како и за здруженијата на граѓани, Министерството за култура издвои еден милион и сто илјади денри.

– Министерството за култура продолжува со поддршка за развој на културата во локалните заедници и тоа дава резултати. Една успешна приказна од таа поддршка е основањето на „Спомен соба на Радио Демир Хисар“ каде е архивирана стара опрема од радиото, фотографии, новинарска граѓа создавана од 1985 до 2005 година-, рече министерката за култура.

Во Демир Хисар, Министертсвото за култура во областа на музејската дејност, во 2023 година ја поддржа и манифестацијата, Демирхисарска летна школа за археологија, архитектура и уметност.

Библиотеката, што го носи името на еден од најголемите македонски писатели, „Петре М.Андреевски“ има огромна улога за населението од овој крај, а годинава беше поддржана набавката на нови книги со што се зголемува интересот кај читателите и се збогатува фондот од над 40 илјади книги.

При посетата на Демир Хисар, министерката за култура се сретна и со директорот на НУ „Денови на Смилевскиот конгрес“, Влатко Деловски со кого разговарше за иднината на новата установа која на институционално ниво продолжува да го чува и афирмира историскиот настан значаен за македонскиот народ и спомените на ликот и делото на Даме Груев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy