Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска: Со 32.8 милиони денари го обновуваме старотото училиште во Љубојно, кое е темел на нашиот културен и национален идентитет
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Со 32.8 милиони денари го обновуваме старотото училиште во Љубојно, кое е темел на нашиот културен и национален идентитет

19/11/2023

AA

Старото училиште ,,Димитар Влахов” во преспанското село Љубојно ќе се реконструира и ќе се адапира со 32.8 милиони денари.  Овие средства во буџетот на Министерството за култура ќе бидат обезбедени во 2024 и во 2025 година.

„Владата, Министерството за култура и Завод и музеј Битола презедоа обврска старото училиште во Љубојно да биде обновено и да се ревитализира во чест на македонскитедејци и во спомен на сите просветни работници. Во две буџетски години ќе биде обновено местото кое е темел на нашиот културен и национален идентитет“, вели министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа нагласи дека идејата е овој значаен објект каде се одвивала настава на македонски јазик да стане собиралиште на лингвисти, педагози, наставници и професори по македонски јазик и да остане како паметник за генерациите по нас, дека темелите на ова здание се всушност историски темели на образованието на мајчин, македонски јазик, столбот на нашиот идентитет.

−Старото училиште е во режим на заштита од 2020 година како дел од споменичната целина Љубојно. По неговото автентично обновување, овој монументален објект ќе биде „Центар за промоција на македонскиот јазик“, со што Владата со дело покажува дека се грижи за заштитата и промоцијата на македонскиот јазик, која е клучна за македонскиот културен опстанок−додаде Костадиновска-Стојчевска.

За проектот, кој го реализира Завод и музеј Битола во 2024 година обезбедени 20 милиони денари, во2025 година, се проектирани 12.8 милиони денари. Во периодот што следува, по заокружувањето на преостанатите административни процедури, надлежната установа ќе спроведе постапка за доделување на договор за јавна набавка за реконструкција и адаптација на објектот.

Завод и музеј Битола во изминатиот период ги презеде сите неопходни чекори за реализација на овој значаен проект, односно беа изработени Геодетскиот елаборат и Урбанистичко-архитектонскиот проект, чиј што составен дел беше Идејниот проект за објектот во с.Љубојно. Во текот на 2023 година се работеше на Основниот проект, кој по неговото комплетирање и реализација на сите ревидентски фази, беше испратен до Управата за заштита на културно наследство за добивање на Конзерваторско одобрение.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy