Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска: Од антифашистичка Битола порачуваме – холокаустот никогаш да не се повтори
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Од антифашистичка Битола порачуваме – холокаустот никогаш да не се повтори

09/03/2023

AA

И покрај сите материјални сведоштва, некои и по осум децении го негираат холокаустот. Ним и денеска од антифашистичка Битола ќе им порачаме – никогаш да не се повтори, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната комеморација по повод 80-годишниата од депортацијата на битолските Евреи.

Пред аудиториум од градот и државата, како и гости од Израел, Костадиновска-Стојчевска нагласи дека Битола никогаш нема да го заборави тоа злокобно мартовско утро од пред 80 години кога за последен пат 973 еврејски семејства го пречекорија прагот од своите домови, а потоа со 14 сточни вагони беа депортирани во Треблинка.

-Нивниот најголем грев бил тоа што се Евреи, и толку. За фашистичкиот проект за чиста раса тоа било доволна причина. Денеска ние го чуваме од заборав нивното злосторство за никогаш да не се повтори. Споменот за најголемото злосторство е најголемиот кошмар на злосторниците и нивните поколенија. Едно е да наведнете глава од почит, а сосема друго е да ја наведнете главата од срам. Иако, и за тоа треба да се има доблест. На 11 март битолчани секогаш ја наведнуваат главата од почит за своите 3351 жители, македонски Евреи, за никогаш да не се повтори. Денеска ќе бидеме дел од поворката на живите минувајќи го молкум патот кој го врвеа оние кои не се вратија. Ќе им оддадеме почит на д-р Хаим Абраванел, првиот лекар специјалист, основач на здравствениот дом во Битола, ќе оддадеме почит на Естреја Овадија со партизанско име Мара која загинала на неполни 22 години бранејќи ја својата Македонија од фашистичкиот окупатор, прогласена за народен херој. Естреја била една од стотиците македонски Евреи кои се приклучија на партизанските одреди заедно со мојот дедо. Нека им е вечен споменот. Никогаш да не се заборави. За никогаш и никому да не се повтори. И покрај сите материјални сведоштва, некои и по осум децении го негираат холокаустот. Ним и денеска од антифашистичка Битола ќе им порачаме – никогаш да не се повтори, истакна Костадиновска-Стојчевска.

На комеморативниот собир во Битола, градоначалникот Тони Коњановски рече дека со тага се сеќаваме на едно мрачно време со многу злосторства и невини жртви.

-Денес се потсетуваме на минатото во кое Евреи живееле на овие простори, негувале своја култура и традиција и оставиле траен печат и белег во нашата историја. И, после 80 години, страшните злосторства и депортација во логорот на смртта во Треблинка на 798 семејства со 3351 битолски Евреи, наши сограѓани, 11 март претставува болно сеќавање на Битола за луѓето кои на суров начин ги загубија своите животи. Нашата порака во денешнината е никогаш да не дозволиме злото против човештвото да се повтори, посочи Коњановски.

Претседателот на Еврејската заедница во земјава, Пепо Леви, во битолскиот Офицерски дом потсети дека со депортирањето на 7144 Евреи, Македонија загуби 98 проценти од вкупната еврејска популација, а денес во Битола не живее ниту еден Евреин.

-Поминаа 80 години, а никој не се врати, но се уште има живи сведоци кои го паметат тоа студено мартовско утро од 1943 година кои се сеќаваат како бугарските фашисти ги собираа од нивните домови, ги фрлаа во сточни вагони за да ги однесат на пат со неповрат. Тогаш, 3276 битолски Евреи беа однесени во Треблинка и никогаш не се вратија. За жал, идеите за уништување на Евреите постојат и денес. Денес во делови на светот, но и во срцето на Европа, да бидеш Евреин повторно станува многу опасно и затоа потсетуваме, опоменуваме, да не се заборави, посочи Леви.

Учесниците на комеморацијата положија цвеќе на споменикот на депортираните Евреи и бистата на народната хероина Естраја Овадија Мара, а според востановената традиција и годинава се одржа поворка на живите, која почна пред здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“, а заврши на Железничка станица во Битола.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy