Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег

05/05/2024

AA

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, честитајќи го 5 Мај, Денот на македонскиот јазик напиша дека со сите заложби и успеси на Владата за негова заштита, унапредување и промоција, се потврди дека за македонските идентитетски обележја не се преговара со никого и никаде.

„Денес кога го одбележуваме празникот на нашиот македонски јазик горди сме на сите досегашни заложби и успеси кои ги постигнавме за заштита, унапредување и промоција на македонскиот јазик, културните вредности и културното наследство“, вели министерката за култура.

Честитајќи го денот кога во 1945 година е донесена одлука македонскиот јазик да е официјално писмо во државата, Костадиновска-Стојчевска порача: „Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на нашиот културен идентитет. Денес е рамноправен и признат во Обединетите нации, потврден и признат во Европската Унија. Како постојани негови заштитници потврдуваме дека за македонските идентитетски обележја не се преговара со никого и никаде“.

За министерката за култура, овој ден е повод и поттик да истраеме уште посилно во афирмирање и зачувување на посебноста и вредностите на нашиот јазик и идентитет и да продолжиме со дела да ги покажуваме партиотизмот и љубовта кон културниот идентитет на нашиот народ.

Костадиновска-Стојчевска потенцира дека вистинска грижа за нашиот јазикот е покажама со донесувањето на Законот за употреба на македонскиот јазик, кој како што вели таа претставува заштитнички бедем за идните генерации.

,,По 26 години, изработивме нов Закон за употреба на македонскиот јазик соодветен на новото време.

Ги проширивме областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо”, стои во објавата на официјална Фејсбук страна на министерката за култура.

Таа уверува дека грижата за македонскиот јазик е и ќе остане приоритет и во следниот мандат и ќе се продолжи со поддршка на стручни изданија поврзани со македонскиот јазик како и бројни книжевни изданија на македонските автори и странска литература преведена на македонски јазик.

Измените кои ги носи новиот закон отвораат нови работни места за македонистите, односно задолжителното вработување лектор со лиценца во институциите, Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик за  поголема контрола на примената на законот и правилна употреба на македонскиот јазик, како и негово изучување во странство, отворање лекторати и стипендирање на младите кои го изучуваат македонскиот јазик.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy