Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска: Македонската култура официјално станува дел од „Културните патеки“ на Советот на Европа
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Македонската култура официјално станува дел од „Културните патеки“ на Советот на Европа

27/11/2023

AA

Македонската култура, за првпат станува дел од европскиот проект, „Културните рути“ на Советот на Европа. На последното Генералното Собрание на Aсоцијацијата прифатени се апликациите на Институтот за македонска литература од Скопје и на Институтот за старословенска култура-Прилеп. Донесена е одлука почнувајќи од 1 декември годинава, овие две значајни установи да станат полноправни членки на „Културната рута на св. Кирил и Методиј“.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, поздравувајќи го изборот, вели дека „ние сме и сакаме да бидеме и чувари и градители на европските вредности“.

-Преку нашето учество на „Културните рути на св. Кирил и Методиј“, ја отвораме нашата земја за да ја надополниме богатата европска историја. Препознавајќи се на оваа културна рута и ние како држава, која високо ги уважува и достојно го чува споменот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, се впишуваме на овој пат преку кој сакаме и ние да ги афирмираме и да ги збогатиме сознанијата за европските културни идентитети, порачува Костадиновска-Стојчевска.

Културната рута „Кирил и Методиј“ се протега низ историски поврзани места од животот и мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, каде што патниците можат да сведочат на значајни остатоци и денес. Членки на оваа културна рута, освен Северна Македонија, се и Бугарија, Чешка, Грција, Унгарија, Словачка, Словенија, Италија и Хрватска.

Костадиновска-Стојчевска изразува задоволство што земјава станува дел од оваа значајна иницијатива и додава дека поврзувањето на фактите, на видливите сведоштва низ Културните рути на Советот на Европа, го гледаме и како можност за развивање на интеркултурниот дијалог и разбирање одблизу на историјата на Европа.

Министерката за култура најави дека нашата држава ќе аплицира и за вклучување во други „Културни рути“, кои, како што нагласи, овозможуваат богатство на слободни и едукативни активности за сите граѓани на Европа и меѓу другото се клучни ресурси за одржлив развој на културниот туризам.

Досега, преку неколку компании, државава беше дел од Рутата на маслиновите дрва и Винската рута, Итер Витис, а од минатата година, официјално пристапи кон Проширениот парцијален договор за Културните рути на Советот на Европа (ЕПА).

Иницијативата Културни рути на Советот на Европа, која е поттикната пред 35 години, има цел да го претстави заедничкото културно наследство, за подобро разбирање на европскиот културен идентитет и за обликување заеднички културен простор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy