Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска доби вевчански пасош: Со 1,8 милиони денари за Вевчанскиот карневал ги зацврстуваме вредностите кои траат
Македонија

Костадиновска-Стојчевска доби вевчански пасош: Со 1,8 милиони денари за Вевчанскиот карневал ги зацврстуваме вредностите кои траат

03/01/2024

AA

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска беше во работна посета на Општина Вевчани, каде што со градоначалникот Спасе Кочовски потпишаа договор за финансирање на традиционалната манифестација „Вевчански карневал 2024“, еден од најстарите европски и први карневали во државава, зачленет во Светската карневалска федерација.

Костадиновска-Стојчевска во изјавата за медиумите нагласи дека оваа година, со 1,8 милиони денари, една од наjвисоките суми дадени за Вевчанскиот карневал, Министерството за култура ја засилува поддршката на вредностите кои траат и кои со својата автентичност ја издвојуваат македонската култура и историја во светски рамки.

„Горда сум што активностите во новата година ги започнувам токму од Вевчани, потврдувајќи ја уште еднаш подготвеноста на Министерството за култура за поддршка на проекти кои се македонски бренд, но и подготвеноста за отворен и креативен дијалог со нашите корисници“, посочи Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека карневали има речиси во сите европски земји, но интересот за Вевчанскиот, како облежје на овдешната култура и како туристичка атракција, не стивнува.

„Вевчанци имаат посебен дух и гостопримство, посебна креативност, духовит и критичен однос кон општествените случувања што од година в година се попривлечни и атрактивни за светските медиуми и гостите од регионот и од Европа“, рече министерката за култура, која нагласи дека сите овие придобивки, Министерството за култура ги препознава и останува доследен партнер на оваа манифестација, но и на другите содржини кои го афирмираат Вевчани.

Костадиновска-Стојчевска, како дел од проектите за кои е дадена поддршка во Вевчани, го истакна и првиот мурал „Василичарска епопеја“, потенцирајќи дека во Вевчани се вложува и во едукацијата на младите за продолжување на традицијата на фолклорната уметност на следните генерации, а Здружението Културно-уметничко друштво „Дримкол“, кое во континуитет добива поддршка од Министерството за култура, во изминатата година успешно ги презентираше македонскиот фолклор и традиција дома, но и на меѓународните сцени во светот.

„И оваа година продолжува поддршката за културата во Вевчани како општина која е важен сегмент за нашата богата македонска изворна традиција и која се пренесува на новите генерации. Министерството за култура останува силен поддржувач на вредностите кои ги промовираат македонскиот идентитет и културното наследство“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска, која посака успешна реализација на Вевчанскиот карневал, како и на сите културни активности кои, од Вевчани, шират традиција и автентичност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy