Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Костадиновска-Стојчевска: Агенцијата за филм има средства, никој не ја кочи актуелната продукција
Македонија

Костадиновска-Стојчевска: Агенцијата за филм има средства, никој не ја кочи актуелната продукција

21/09/2023

AA

Темата за наводно намален буџет на Агенцијата за филм, како и за обвинувањата од филмската фела дека се кочи процесот на продукција, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција ја разјасни со елаборирање на буџетските сметки на Агенцијата и нивната реализација.

„Морам да го повторам истото тоа што им го реков на денешната средба и на дел од продуцентите и на дел од потписниците на јавното писмо за наводно скратениот буџет на Агенцијата за филм дека во ниту еден момент, буџетот на Агенцијата за филм не е скратен, ниту во Предлогот за прераспределба на средствата што е во Собранието. На продуцентите и на авторите им објаснив дека тие имаат погрешни информации и дека, за жал, се можеби изманипулирани дека некој ги замрзнал средствата за филм. Вистината е дека додека трае процесот во Собранието, тие средства се во мирување, но сите пари се на сметката“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа ја објасни динамиката на исплата на средствата на двете сметки што ги има Агенцијата за филм, буџетската и посебната, истакнувајќи дека АФ има ниска реализација на посебната сметка, само околу 30 проценти досега.

„Неточно е дека некој скратил средства, дека некој им злоупотребил средства, или им ги замрзнал, напротив, во ниеден момент буџетот на Агенцијата за филм не е никако допрен.

Ве уверувам дека за секој филмски проект кој е подготвен за реализација на фазата снимање, во која се трошат најголемиот дел од парите, и кој ја има комплетирано целокупната документација (обезбедено средства од копродуценти) и има доставено до Агенцијата за филм  банкарски гаранции, ќе бидат дообезбедени финансиски средства. Доколку  има потреба од дополнителни средства. Зашто и во моментов Агенцијата има пари да финансира снимање филмови, според динамика која претходно самата ја утврдила“, појасни министерката за култура.

Костадиновска-Стојчевска на новинарското прашање одговори дека Агенцијата за филм нема испратено план за исплата и дека се извртува информацијата од Министерството за култура дека до крајот на годинава ќе бидат исплатени средства. Таа објасни дека со секој доставен план, како и досега, службите во Министерството навремено ги сервисираат потребите на Агенцијата.

„Замолувам  да престанат манипулациите за сопствени цели, особено за гранка која треба да ни е промотор, не само дома туку и надвор. Имаме потпишано Меморандум за соработка во кинематографијата со земјите од „Отворен Балкан“, каде што допрва нè очекува нова соработка, и затоа апелирам да се насочиме кон иднината во развојот на домашната продукција“, рече Костадиновска-Стојчевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy