
КОСТА ГО НАЈАВИЛ МАСАКРОТ ВО „РИБНИКАР“: На само неколку дена пред да ги убие своите другари, еве каде го најавил и што напишал
Момчето-убиец Коста К.(14) на само неколку дена пред масакрот во „Рибникар“ испратил грозоморна порака во чет група играјќи компјутерски игри.
Како што дознава српска Република, Коста во четот за време на играта му испратил на друг порака во која изјавил: „Сите ќе ги убијам!“.
Коста бил активен во таканаречените виртуелни четови за разговор додека играл компјутерска игра, каде покрај игрите и стратегиите зборувал за себе и за своите намери.
-Во една порака само неколку дена пред масакрот во „Рибникар“ момчето зборувало за своите школски другари и напишало „Сите ќе ги убијам“ – неофицијално изјавил за порталот извор близок до истрагата.
Понатаму, неофицијално дознаваме дека истражителите го испрашале и Коста за овие наводи, но не добиле никакви одговори. Наводно, во текот на истрагата детално му бил прегледан компјутерот, а биле проверени и сите приватни и јавни разговори во кои бил активен Коста К., за да се утврди дали момчето ги открило своите намери за делото и колку детално.

