
Косовските специјалци тврделе дека береле печурки во централна Србија
Тројцата косовски специјалци кои вчера српските власти ги уапсија во централна Србија велат дека береле печурки.
„Не ни работи ГПС, беревме печурки…А на дурбин и двоглед не умееме да гледаме“, ваквото оправдување на специјалците денеска го објасни српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вели дека Белград е подготвен да ги понуди сите снимки и докази од кои би било јасно дека тројцата косовски полицајци се уапсени длабоко на територијата на централна Србија, а не на територијата на Косово. Aлбанскиот премиер Еди Рама вели дека е целосно фокусиран на ослободувањето на косовските специјалци.
Косово тврдеше дека српските власти ги киднапирале полицајците, а сега бараат Србија да ги врати назад. ЕУ подготви санкции за Косово, затоа што не го почитува договореното со Србија, односно не формираше Заедница на српски општини.

