
Косовски активист упадна во телевизија со навредлива порака за Курти
Косовец упадна во вестите на телевизија со навредлива порака за косовскиот премиер Албин Курти.
Мажот упадна во студио на државната косовска радио-телевизија со транспарент „Радио телевизија Курти”. Активистот на Социјалдемократската партија на Косово (СДПК) Нољ Нуши денеска упадна во студиото и зад водителката држеше транспарент на кој пишуваше „Радио-телевизија на Албин Курти“. Во соопштението на РТК стои дека Нуши влегол во студиото, а обезбедувањето сметало дека се работи за лице кое треба да гостува во емисијата.
Инаку, Курти наведе шест услови за прифаќање на формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, меѓу кои и барањето таа да се формира по конечниот договор со Србија и да нема извршни овластувања. Првиот услов е Заедницата да биде во согласност со Уставот и законите кои се во сила во Косово, вториот е дека не може да биде еднонационална третиот е да и се смени името и четвртиот е да не може да има каква било јавна или извршна власт.