Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОСОВСКАТА ВИВА ФРЕШ, СОПСТВЕНИК НА КИТ-ГО МАРКЕТИТЕ, ЈА КУПУВА АЛБАНСКАТА ФИРМА СПАР – еве кој е нивни сопственик, кои ќе бидат следните чекори
Економија

КОСОВСКАТА ВИВА ФРЕШ, СОПСТВЕНИК НА КИТ-ГО МАРКЕТИТЕ, ЈА КУПУВА АЛБАНСКАТА ФИРМА СПАР – еве кој е нивни сопственик, кои ќе бидат следните чекори

28/05/2025

AA

Преку Комисијата за заштита на конкуренцијата секогаш се дознаваат
интересни бизнис информации, за зделки кои ќе се случат меѓу интересни бизнис
играчи, а причината е што Комисијата мора да ги објави информациите за можна
концентрација, за било кои компании кои имаат свои допирни точки со бизнисот во
Македонија.

Од веб страницата на оваа наша институција дознаваме дека косовската
компанија Вива Фреш, која во Македонија стана газда на маркетите Кит-го, но и
на македонсмкиот дел од Студио Модерна, ќе ја купува компанијата СПАР Албанија,
чиј сопственик, пак, е компанијата Балфин, која исто така има свои инвестиции
во Македонија.

Да видиме за што известува Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Пред десетина дена до КЗК стигнало известување за можна концентрација, со
која, како што се наведува во објавата, Вива Фреш Ш.П.К. од Косово, со регистрирано седиште во Суходол, Грачаница, Косово, ќе стекне контрола над друштвото
за трговија СПАР АЛБАНИЈА ШПК, со
регистрирана адреса на Национален пат Тирана – Елбасан, зграда „Брунес Спејс“, спроти
влезот Виоле на трговскиот центар ТЕГ, Тирана, Албанија.

За Вива
Фреш Ш.П.К. од Косово Комисијата навела
дека е
друштво кое се занимава со продажба на мало на стоки во неспецијализирани
продавници-супермаркети каде
преовладуваат храна, пијалоци и тутун. Вива Фреш Ш.П.К. од Косово ги има
следните поврзани друштва на пазарот во земјава.

Прво, друштвото за
производство, трговија и услуги ВИВА ФРЕШ СТОРЕ ДООЕЛ Скопје, со регистрирано
седиште на Македонско Косовска бригада во скопски Бутел, со приоритетна дејност-трговија на мало во
неспијализирани продавници, претежно храна, пијалоци и тутун.

Второ, друштво за трговија КИТ-ГО ДООЕЛ Штип, Македонија, кое е друштво со предмет на работење-друга
трговија на мало во неспецијализирани продавници. Самото КИТ-ГО ДООЕЛ Штип, пак, има поврзани друштва на пазарот во земјава и тоа друштвото
за трговија, угостителство и услуги ТАЛФА ДООЕЛ ШТИП со регистрирано седиште во Штип и со приоритетна дејност-издавање
и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп
(лизинг), како и друштвото за трговија и услуги ТДЕЛТА-ИНГ 2017 ДООЕЛ, исто така од Штип,и со истата дејност.

Додека, пак, од КЗК, за компанијата СПАР АЛБАНИЈА ШПК, навеле дека е 100 отсто во сопственост на единствениот
оснивач „Балфин“ – „Балкан Фајнанс Инвестмент Груп“ ШПК, и го врши својот
бизнис на малопродажба и големопродажба на прехранбени и непрехранбени производи.

А, она што
не е наведено од Комисијата, е дека Балфин е сопственик на големиот шопинг мол
во земјава Skopje East Gate, што е најголемата приватна инвестиција од ваков тип во
земјата, со вкупна вредност од околу 350 милиони евра.
Тој проектот ги вклучува East Gate Mall – најголемиот трговски центар во земјава, отворен во октомври 2021 година, резиденцијални згради со над 600 станови, како и деловен парк со модерни канцеларии. Проектот се реализира преку компанијата Skopje East
Gate, каде што Балфин е мнозински сопственик.

Нептун, пак, е најголемиот синџир за продажба на електроника во Албанија,
а присутен е во Македонија со повеќе продавници низ земјата.

„Врз
основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната
концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на
конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата
ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за
оваа концентрација до Комисијата“, вели
Комисијата за заштита на конкуренцијата.

А, како што веќе има објавено Фактор во мај, 2023 година, штипскиот бизнисмен Кирил Гогов повеќе не е сопственик на синџирот маркети Кит-Го, откако официјално заврши превземањето од страна
на косовската компанија Вива Фреш. Се верува дека за тоа биле платени околу
60-тина милиони евра. Процесот на купување траеше повеќе од една година.

Кит-Го редовно е меѓу првите синџири
маркети со најголеми
приходи во Македонија и во изминатите години редовно бележи обрт од околу 60
милиони евра. КИТ-ГО Штип во Македонија има 58 маркети од кои 5 се лоцирани во
Скопје.

Инаку, косовската компанија веќе поседува два маркети, едниот во Бутел, кој го отвори неодамна, и едниот во Топанско поле. Првиот е во новозиградената зграда на местото на старото
Кино – Бутел, а, Вива фреш веќе има во Топаанско поле.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СУДСКИТЕ ОДЛУКИ Министерството за правда за

12/10/2026
Македонија

НА ИВА МИХАИЛОВА Ѝ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ И ДВАТА ПАСОШИ!? Станува

12/10/2026
Македонија

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА

12/10/2026
Македонија

РАСТОТ НА БДП И НИСКАТА ИНФЛАЦИЈА НЀ ВБРОЈУВААТ ВО НАЈУСПЕШНИТЕ

12/10/2026
Македонија

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ БУКОЈЧАНИ – КИЧЕВО Се гради клучната

12/10/2026
Македонија

БЕГСТВОТО НА МИХАИЛОВА ИСПРАЌА СЕРИОЗНО ПОГРЕШНА ПОРАКА! МНР ќе ги

12/10/2026
Македонија

МВР НЕМА ЕВИДЕНТИРАН ИЗЛЕЗ НА ИВА МИХАИЛОВА ОД ЗЕМЈАВА Нејзиниот

12/10/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ЗАМИНА НА ЛЕКУВАЊЕ ВО БУГАРИЈА Границата ја поминала

12/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46122
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ СУДСКИТЕ ОДЛУКИ Министерството за правда за случајот со Ива Михаилова

12/10/2026

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,

НА ИВА МИХАИЛОВА Ѝ БИЛЕ ОДЗЕМЕНИ И ДВАТА ПАСОШИ!? Станува уште позагадочно како ја поминала

12/10/2026

На Ива Михаилова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, пред една година

ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА ПОИМ КАКО ВЛЕГЛА ВО БУГАРИЈА!?

12/10/2026

Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе се сретне со Ива Михаилова при првата можност, но нагласи дека сè уште

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy