Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Косовската „Вива Фреш“ ја купува „Студио Модерна“ во Македонија
Економија

Косовската „Вива Фреш“ ја купува „Студио Модерна“ во Македонија

05/01/2024

AA

СМА Холдинг Ш.П.К. кој преку Косово купува бизниси во Македонија, сега подготвува преземање на „Студио Модерна“ од Скопје, компанијата која ги застапува брендовите како „Дормео“, „Делимано“ и „Топ Шоп“, со ланец на продавници низ земјата.

Ова е објавено вчера како известување за можна пазарна концентрација од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Холдингот веќе ги поседува маркетите „Вива Фреш“, а од неодамна го купи и малопродажниот ланец „Кит-Го“ од Штип.

„Друштво за трговија и маркетинг СТУДИО МОДЕРНА ДООЕЛ Скопје е друштво кое се
занимава со трговија на мало преку пошта и интернет која вклучува трговија на мало на
производи за домаќинство (мебел, душеци, перници, постелнини, под-душеци, наддушеци), опрема за осветлување и други предмети за домаќинства, производи за подготовка
на храна и други производи за унапредување на живеењето и опрема за чистење во домот. 

Трговијата ја сочинуваат продажба на брендирани производи како што се Топ Шоп,
Дормео, Делимано, Волкмакс и Велнео, преку разчлични канали за продажба: телевизија,
интернет, продажба на мало преку продавници, телемаркетинг.
За целите на ова Известување, релевантниот пазар на производи може да биде дефиниран како
пазар на трговија на производи за спиење, душеци и производи за домаќинство за готвење и
чистење а географскиот пазар би бил пазарот во Република Северна Македонија“, објави комисијата.

За СМА Холдинг Ш.П.К. е напишано дека „се занимава со управување и контрола со трговски
друштва, обезбедување на помош на трговски друштва во целосна или делумна сопственост
на друштвото, продажба на големо и мало на стока и опрема“.

Штипскиот бизнисмен Кирил Гогов од крајот на мај минатата година повеќе не е сопственик на ланецот маркети Кит-Го, откако официјално заврши превземањето од страна на косовската компанија Вива Фреш. Се верува дека за тоа биле платени околу 60-тина милиони евра. Процесот на купување траеше повеќе од една година.

Во јули словенечкиот основач на „Студио Модерна“, Санди Чешко, познат уште и како „крал“ на ТВ продажбата, кој со своите брендови Дормео, Делимано и Космодиск „навлезе“ во речиси секое домаќинство во овој дел на Европа, за словенечките медиуми потврди дека е во деловни тешкотии. 

Последната информација за приходите на „Студио Модерна“ во Македонија е дека во 2017 со 182 вработени е остварена продажба од над 11 милиони евра. Добивките во овој период се движеле околу половина милион евра. 

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
Македонија

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026
Македонија

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош

13/08/2026
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45003
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова се препораките

13/08/2026

Драматичен пораст на случаите на Западно-нилска треска (WNV) е регистриран во Македонија од почетокот на годината до 11 август 2026.

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026

Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош од државата

13/08/2026

И покрај напорите за санирање на вчерашниот пожар, депонијата „Краста“ во Куманово сè уште не е целосно изгасната и продолжува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy