
„КОСОВО НЕМА ДА ГИ ЕКСТРАДИРА СВОИТЕ ГРАЃАНИ, БЛЕРИМ НЕМА ДА СЕ ВРАТИ“: Неговиот адвокат порача од Приштина
Блерим Рамадани, кого го бараат и македонските и српските власти е на
Косово, но Косово нема да ги екстрадира своите граѓани, порача неговиот адвокат Кочи од Приштина во изјава за косовската КТВ, пренесува ТВ 24.
Дури и судењето да се одржи на Косово, како што вели тој, Блерим ќе биде
прогласен за невин.
-Косово може да ги побара од Македонија сите документи, да го анализира
случајот, но и да се одрѓи судењето на Косово, Блерим ќе биде прогласен за
невин, вели неговиот адвокат Кочи.
Ек-припадникот на ОВК, кој во јули беше упасен на косовско-македонската
граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија,
завчера избега од куќен притвор и сега е во Косово.