
КОСОВО Е СЕРИОЗНА ОПЦИЈА: Европска земја планира да испрати затвореници кај нив
Белгија планира да испрати затвореници во Косово.
Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или изградба на затворски објекти во други европски држави, каде би ги испраќала странските државјани, кои се во затвор во Белгија. Белгиската министерка за правда Анелис Верлинден вчера во Парламентот изјави дека разговорите за испраќање на затвореници во други држави се во тек, а Косово е „сериозна опција“. Според неа со тоа ќе биде решен проблемот со пренатрупаноста на затворите и ќе биде обезбедено поефикасно извршување на казните.
Во белгиските затвори има 13.000 затвореници, а официјално имаат капацитет за 11.040.
Данска во 2022 година постигна договор со Косово за изнајмување на 300 затворски ќелии.