
„Косова прес“: Груби виден во Приштина?
Косовската новинска агенција „Косова прес“ известува дека нивен извор вчера попладнето во Приштина го забележал поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој повеќе од една година се наоѓа во бегство.
Според косовскиот медиум, Груби се преселил во област недалеку од центарот на косовскиот главен град. Според изворот на медиумот бил во придружба на две деца. Тој носел зимска јакна, спортска облека и капа, а пуштил и брада.
Груби е во бегство од декември во 2024 година и ставен е на црната листа на САД. Недостапен е и Перпарим Бaјрами кој е осомничен во истиот предмет со Груби за злоупотреби во Државната Лотарија.
