
Кошмар за младиот фудбалер: Заврши сезоната за Педри, најверојатно го пропушта и Европското првенство
Првите прогнози беа дека тој ќе паузира околу месец и пол, но вечерва шпанските медиуми објавија дека тој повеќе нема да игра до крајот на натпреварувачката кампања. Ова значи дека Педри нема да игра и на Европското првенство бидејќи дури и да заздрави до јуни, селекторот Луис де ла Фуенте објави дека ќе ги повика само оние фудбалери кои имаат континуитет во своите настапи.
Педри е втор фудбалер на Барселона на кого Чави нема да може да смета до крајот на сезоната. Првиот беше Гави кој се повреди на репрезентативен настап во ноември и ќе паузира до септември. Ова е деветта повреда за Педри откако дојде во Барса поради што пропушти вкупно 71 натпревар.
