
Кошмар за Анчелоти – се повреди Камавинга (ВИДЕО)
Играчот за врска на француската репрезентација доживеа повреда на левата нога, па мораше со помош на медицинскиот персонал да замине на клупата за резервни играчи. Колатерална штета од овој момент ќе биде Реал Мадрид кој најверојатно ќе мора следниот период да игра без еден од своите најстандардни и најважни фудбалери,
Колку Камавинга е важен за Реал, најдобар доказ е тоа што сезонава забележа 32 настапа и над 2000 одиграни минути. Повредата на м ладиот Французин доаѓа на две недели пред првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите, против Манчестер Сити.

