Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кошаркарите поразени во Словачка – сега чекаме помош од Данска за да нема драма во Осло (ФОТО)
Спорт

Кошаркарите поразени во Словачка – сега чекаме помош од Данска за да нема драма во Осло (ФОТО)

23/02/2023

AA

Кошаркарите на Македонија го претрпеа првиот пораз во петтиот меч од претквалификациите за пласман на ЕП 2025, откако вечерва не ја издржаа канонадата со тројки од страна на Словачка (82-73) во меч одигран на теренот на противникот.

Крајната негатива е поголема од посакуваната негатива од најмногу три поени, која секако ни обезбедуваше едно од првите две места во групата кои водат во квалификациите, па сега пред жолто-црвените се две добитни комбинации. Првата е победа на Данска во вечерашниот дуел кај Норвешка, или, пак, победа в недела во Осло против норвешката селекција.

Словаците апсолутно заслужено дојдоа до триумф, со оглед што водеа речиси во целиот натпревар, во извесен период и со позитива од 20 и повеќе разлика. Избраниците на селекторот Александар Јончевски во финишот заиграа подобро, престанаа да форсираат шутеви за тројка, што донесе намалување на минус седум (70-77), но тоа е најмногу што успеаја да направат.

Големиот број тројки, вкупно 14 и доминацијата во играта под кошевите, која им донесе дури 13 скока повеќе (43-30) се главните причини за победата на Словачка, заедно со лошиот шут за три поени на македонскиот кошаркари, кои погодија само осум пат зад линијата 6,75 метри со дури 20 промашувања. Ако на ова се додаде и шутот од само 64-отсто од линијата за слободни фрлања, тогаш јасно е зошто загубивме во Левице.

Ти-Џеј Шортс блесна во второто полувреме и средбата ја заврши со 23 поени и шест асистенции, додека зад него беа Бојан Крстевски со 14 и Андреј Маслинко со 10 поени. Симон Крајчовиќ со 23 поени (пет тројки) беше најефикасен кај Словачка.

Македонија в недела ѝ гостува на Норвешка во Осло, а дали тој меч ќе има резултатско значење и какво ќе се знае по завршување на вечерашниот дуел помеѓу Данска и Норвешка (19 часот).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy