
Кошаркарите на Партизан на мечот во Атина истрчаа со маици со ликот на Милојевиќ (ФОТО)
На неа имаше и тажна порака која гласеше: „И најголемите борци понекогаш заминуваат…“. Натпреварот меѓу Панатинаикос и Партизан се игра од 20.15 часот во Атина.
Поранешниот кошаркар и тренер пред неколку дена ненадејно почина од последиците од срцевиот удар преживеан неколку часа порано. Милојевиќ замина на 46-годишна возраст.
