Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Користите странски зборови при разговор? Од сега ваквата практика ќе се казнува до 100.000 евра
Македонија

Користите странски зборови при разговор? Од сега ваквата практика ќе се казнува до 100.000 евра

02/04/2023

AA

Според новиот закон воведен од партијата Браќа од Италија на премиерот Џорџија Мелони, Италијанците кои користат англиски и други странски зборови во официјалната комуникација може да се соочат со казни до 100.000 евра. Законот го претстави Фабио Рампели, пратеник во Долниот дом на италијанскиот парламент, а премиерот го поддржа неговиот предлог.

Иако законот ги опфаќа сите странски јазици, тој конкретно ја таргетира „Англоманија“ или употребата на англиски зборови. Во нацрт-законот се наведува дека англиските зборови го „понижуваат и умртвуваат“ италијанскиот јазик, додавајќи дека тоа е уште полошо бидејќи Обединетото Кралство повеќе не е дел од ЕУ, пишува Си-Ен-Ен.

„Не е прашање на мода затоа што модата поминува“

Предлог-законот, кој допрва треба да оди на парламентарна расправа, бара сите службеници во јавната администрација да имаат „писмено и усно познавање на италијанскиот јазик и течно да го владеат“. Исто така, се забранува употреба на англиски јазик во официјалната документација, вклучително и „акроними и наслови“ на работни места во компании кои работат во земјата.

Дополнително, според новиот закон, странските субјекти ќе треба да имаат изданија на сите внатрешни прописи и договори за вработување на италијански јазик. „Тоа не е само прашање на мода, бидејќи модата поминува, туку Англоманија има последици за целото општество“, се наведува во предлог-законот. Првиот член од законот гарантира дека дури и во канцелариите за странци кои не зборуваат италијански, тој мора да биде примарен јазик.

Сите оние кои нема да го почитуваат законот може да добијат казни од 5.000 евра до 100.000 евра. Според предложениот закон, Министерството за култура ќе формира комисија чија надлежност ќе вклучува „правилна употреба на италијанскиот јазик и неговиот изговор“ во училиштата, медиумите, трговијата и рекламирањето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Трамп до Израел: Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш!

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати итна порака до Израел во која го повикува да ги запре планираните воздушни напади.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy