Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОРЕЈСКАТА „ЈАГЕО“ ВО НОВ ПОХОД, ОДИ ВО НЕПРИЈАТЕЛСКО ПРЕЗЕМАЊЕ НА ЈАПОНСКА „ШИБАУРА“ – уште се чека инвестицијата во Македонија
Економија

КОРЕЈСКАТА „ЈАГЕО“ ВО НОВ ПОХОД, ОДИ ВО НЕПРИЈАТЕЛСКО ПРЕЗЕМАЊЕ НА ЈАПОНСКА „ШИБАУРА“ – уште се чека инвестицијата во Македонија

25/02/2025

AA

Корејскиот гигант Јагео не
запира со своето ширење низ светот. Откако ја купи американската компанија Кемет, сега оди во нов поход. Имено, Јагео сака да купи моќен јапонски
деловен субјект, а за работите да бидат уште поинтересни, ќе оди на нејзино
непријателско преземање.

Но, засега во Македонија не се стартува со планираната и од Тајпеј најавена
голема гринфилд инвестиција, а за која беше предвидена и голема помош од
државата, односно субвенционирање наменето за странски вложувања.

Имено, Јагео има намера да купи акции од јапонската фирма Шибаура
Електроникс, и тоа преку непријателско преземање, но со оглед на присуството на
Кемет во земјава, работите околу намерите за купување стигнаа и до нашата
Комисија за заштита на конкуренцијата.

Имено, до нашата КЗК стигна известување за концентрација со која корпорацијата Јагео од Тајван, со седиште во Нов Тајпеј Сити, ќе
стекне самостојна контрола
над Шибаура Електроникс со
регистрирано седиште во Саитама
Сити, Јапонија, и тоа преку
стекнување на акции.

Како учесник во концентрацијата, Јагео е претставен како глобален давател на
услуги за 15 решенија за електронски составни делови, односно компоненти, нудејќи широк
избор на технологии за пасивни составни делови од некои од широко познатите во
индустријата брендови „ЈАГЕО“. Корпорацијата Јагео е котирана на Тајванската берза.

„Јагео била присутна во Северна Македонија во 2024 година преку
своето зависно друштво во целосна сопственост – Друштво за производство,
трговија и услуги Кемет Електроникс
Македонија ДООЕЛ Скопје, регистрирано седиште во ТИРЗ број 1,
Илинден, Северна Македонија и регистрирана приоритетна дејност производство на електронски составни делови
(компоненти)“, се вели во објавата
од КЗК.

За Шибаура Електроникс се наведува дека е лидер на пазарот на
термистори.

„Таа компанија
котира
на Токиската берза и вработува повеќе од 4.800 лица и остварува приходи во
износ од над JPJ 32 милијарди ширум светот. Јагео разумно претпоставува дека Шибаура не
било присутна во
Северна Македонија во 2024 година преку регистрирано зависно друштво“, навеле од КЗК.

И, тука е забелешката што ја дава нашата КЗК, а таа е дека Јагео не е во
можност да добие прецизни информации за деловните активности на Шибаура во земјава, но воопшто и глобално, бидејќи „предложената
трансакција вклучува непријателско преземање (hostile takeover) на акции. Следствено, Јагео се потпира единствено на јавно достапните информации за
Шибаурa“, објаснуваат од нашата КЗК.

Според подносителите на
известувањето,
како релевантен пазар за предметната концентрација би можел да се дефинира
пазарот за производство и продажба на термистори со негативен температурен
коефициент.

„Врз
основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната
концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на
конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата
ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за
оваа концентрација до Комисијата“, се
вели во објавата.

А, Фактор пред само еден месец објавин дека корпорација Јагео ја купува американската Кемет. Тогаш
исто од нашата КЗК објаснија дека Јагео е друштво кое е специјализирано за пасивни уреди, односно отпорници,
кондензатори и индуктори. Тогаш од Комисијата нагласија и дека пред концентрацијата, групацијата на Јагео
не била присутна на пазарот во Северна Македонија. 
За корпорацијата Кемет, пак, се
објасни дека е присутна во земјава, преку друштво во негова целосна индиректна сопственост, Кемет Електроникс Македонија
ДООЕЛ Скопје, со адреса во ТИРЗ 1, во Бунарџик.

Како што има пишувано Фактор во април 2024 година, тајванскиот
инвеститор „Јагео“, кој во земјава требало да произведува чипови,
било предвидено да добие над 45 милиони евра вкупна државна помош, што било најголемата одобрена
државна помош. Инаку, „Јагео“, според нашето пишување, требало да произведува
делови и компоненти за „Тесла“ и „Епл“.

Со тајванската групација договорот беше потпишан во 2023 година во
Тајпеј, како најголема гринфилд инвестиција во Македонија со вкупен износ од
205 милиони евра и план за отворање на 3.900 работни места во период од десет
години. „Јагео“ планирал да изгради два нови производствени капацитета – едниот во Скопје,
а вториот во Штип.
Во април 2023 година,
тогашниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, однесе во Тајпеј група
телевизиски новинари, со цел тие да присуствуваат на потпишувањето на договорот
со Јагео.За изградбата на првиот капацитет беше наведено дека ќе почне во
јули таа 2023 година, во Скопје 1.

Но, се досега нема информација
за старт на гринфилд инвестицијата на Јагео во нашата држава. Единствено, во септември минатата година, самите ТИРЗ на
својата веб страница објавија дека сегашниот директор на Дирекцијата за зоните,
Гоце Димовски, „остварил средба со претставници на водечката мултинационална
компанија Кемет, која е во сопственост на ЈАГЕО“, а која, како што се наведе во
соопштението, „треба да инвестира во производствени капацитети во некоја од
технолошко индустриските развојни зони“.

Н.Н.Ф.

Фото: МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy