Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОПАОНИК БИЗНИС ФОРУМ: Заклучоци и насоки за иднината
Економија

КОПАОНИК БИЗНИС ФОРУМ: Заклучоци и насоки за иднината

07/03/2025

AA

Оваа година, Копаоник бизнис форум собра повеќе од 1600
учесници, а во текот на четирите дена беа организирани 38 панел-дискусии, три
пленарни сесии и три интервјуа со истакнати гости од различни области.

Централната тема беше „Србија 2027 – Тежнеење кон економија со
високи приноси“, а според зборовите на Александар Влаховиќ, претседател на
Сојузот на економисти на Србија, изборот на темата беше исклучително актуелен.

„Србија треба да го базира својот раст и развој врз напредните
технологии, но истовремено и да ги отстрани ризиците во економското опкружување
со цел да се зголеми нивото на домашни приватни инвестиции, кои се неопходни за
постигнување економија со високи приноси. Во 2027 година завршува големиот
инвестициски циклус во инфраструктурата, дефиниран од Владата на Србија. Ние
поставивме прашање дали со висок прилив на инвестиции можеме да преминеме од
групата на средноразвиени економии во групата на земји со високи приноси. Би
потсетил дека од 1990 година само 27 средноразвиени земји успеале да влезат во
оваа група, од кои 10 се во Европа, а сите тие денес се членки на ЕУ.

Другото клучно прашање се однесува на моделот на раст – од 2018
година, Србија го базира својот раст првенствено на високи капитални јавни
инвестиции и значителен прилив на странски директни инвестиции. Укажавме на
фактот дека домашните приватни инвестиции стагнираат во вкупното инвестициско
портфолио, па затоа е неопходно да се работи на отстранување на ризиците во
економското опкружување, кои се резултат на недоволно квалитетни и недоволно
независни институции. Ова треба да биде фокусот во наредниот период“,  истакна Влаховиќ.

Сумирајќи ги впечатоците од 32. Бизнис форум, Влаховиќ нагласи
дека форумот е замислен како платформа за размена на различни, аргументирани
мислења и дијалог, кој, како што вели ѝ недостасува на Србија.

„Преку соочување на различни гледишта, стигнуваме до квалитетни
идеи и препораки, кои, како и секоја година, ќе бидат испратени до Владата. Би
било корисно да постои поширок општествен консензус за идниот развој на Србија.
Потребно е многу повеќе внимание да се посвети на образованието и културата, да
се работи на зајакнување на институциите, нивната независност и создавање
еднакви услови за сите учесници на пазарот.“

Влаховиќ истакна дека Србија направила значителни чекори во
дигитализацијата, примената на вештачката интелигенција и дигиталната
трансформација на јавниот сектор.

„Изградена е квалитетна дигитална инфраструктура со 5G мрежа,
која се очекува да биде имплементирана годинава. Сето ова создава можност за
силен развој на секторот за напредни технологии, што веќе се потврди преку
развојот на ИКТ-секторот во последните шест-седум години. Денес, тој
претставува еден од главните двигатели на економијата во Србија. Со други
зборови, веќе ја имаме дигиталната инфраструктура што е неопходна за развој на
напредни технологии“, заклучи Влаховиќ.

Следниот, 33. Копаоник бизнис форум ќе се одржи од 1 до 4 март
2026 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy