Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Координативна средба Грковска-Јовески: Неопходно е кадровско и техничко зајакнување на обвинителскиот систем и извршување на професијата со одговорност и интегритет
Македонија

Координативна средба Грковска-Јовески: Неопходно е кадровско и техничко зајакнување на обвинителскиот систем и извршување на професијата со одговорност и интегритет

06/11/2023

AA

Во рамки на координативните средби со претставници на надлежните институции за борба против организиран криминал и корупција, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска одржа состанок со Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески. На средбата присуствуваа и претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски и Наташа Гоџоска, јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје.

На средбата се разговараше за прашања поврзани со дигитализацијата на процесите во обвинителството, при што вицепремиерката Грковска истакна дека носењето на новиот Закон за архивско работење во голема мерка ќе го олесни секојдневното функционирање, но и дека треба соодветно да се искористи донаторската поддршка во овој сегмент. Во однос на изработка на електронски систем за водење на предметите, присутните посочија дека овој систем треба да биде прилагоден на спецификите на обвинителската работа, но, истовремено да цели кон намалување на улогата на субјективниот фактор при распределбата.

Една од отворените теми на овој состанок беше и проблемот со недоволните кадровски капацитети во овие институции, и од аспект на недостиг на обвинители, но и на информатички и друг стручен кадар, што ја отежнува работата и перформансите на јавните обвинителства.

Вицепремиерката Грковска апелираше до присутните да дадат свој придонес во фазата на евалуација на актуелната и креирање на новата Стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиска истрага и конфискација на имот. Зајакнување на Јавното обвинителство и зголемено применување на сите видови на конфискација како инструмент во борбата против организиран криминал и корупција мора да биде еден од приоритетите.

На состанокот беше отворено и прашањето за одговорноста при непрофесионално и несовесно извршување на обвинителската професија. Јавниот обвинител Љубомир Јовески нагласи дека основна должност на јавните обвинители е секогаш, без оглед на околностите, да ги преземаат службените дејствија во согласност со важечкото законодавство и да ја вршат својата должност законито, непристрасно, праведно, посветено и во што е можно пократок рок. Во таа насока, тој информираше дека од почетокот на примената на новиот Правилник за начинот на спроведување на постапката за утврдување одговорност на јавен обвинител за сторена дисциплинска повреда, донесен во 2021 година, поведени се дисциплински постапки против 12 јавни обвинители, од кои пет завршиле со изрекување на најтешката дисциплинска мерка-предлог за разрешување од функцијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy