Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Контролорите на летови си ги вратија старите плати и плус она што го загубија во пандемијата
Економија

Контролорите на летови си ги вратија старите плати и плус она што го загубија во пандемијата

15/05/2023

AA

Давателот на услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје изминатата година поделило за 50 отсто повисоки плати во однос на една година претходно. Ако во 2021 се поделиле 10,5 милиони евра, во 2022 сумата изнесувала 16 милиони евра, покажува годишниот извештај на акционерското друштво во државна сопственост. Објаснувањето на М-НАВ за ваквата високододелена сума е тоа што се надоместувал одземениот дел од намалените плати во текот на пандемиските години, кога прелети практично и да немало.

Тоа го дозволиле енормно зголемените приходи од наплатени прелети, што резултирало со сума од над 21 милиони евра. Касата од наплатените прелети се наполнила за речиси 62 отсто повеќе во однос на една година претходно. Тоа го променило планот и наместо 12,5 милиони евра, на контролорите и останатите вработени им биле поделени 16 милиони евра за бруто-плати.

„Заклучно со 31.12.2022 година целосно се вратени задржаните средства од платите на
вработените за 2020 година, како и за периодот јануари-јуни 2021 година“, пишува во извештајот кој додава дека таква одлука донел Управниот одбор на 15 април 2022.

Со овој акт е утврдена динамика за враќање на
задржаните средства од платите на работниците за 2020, 2021 и 2022
година по договор со синдикатот.

„Истата е донесена како
резултат на порастот на сообраќајот во воздушниот простор на РСМ кој
ги надмина планираните проекции, проекциите на готовинскиот тек на
парични средства на Друштвото и извештаите и информациите на
Eurocontrol за подобрување на сообраќајот, како и домаќинското
работење и сведување на минимум на сите трошоци на Друштвото со
политика на максимално штедење и ефикасност во спроведување на
зацртаните цели до целосно финансиско стабилизирање“, објаснува М-НАВ.

Претходно опозицијата го критикуваше раководството на М-НАВ дека платите на управителите им се движат над 5.000 евра, на што следуваше одговор дека се работи за самофинансирачки буџет, а не пари на граѓаните. Платите биле оформени според комплексноста на дејноста, како и за да се спречи „одлив на мозоци“. Просечната плата пред кризниот период во контролното тело беше над 2.000 евра по вработен. Според „Македонски навигации“, изминатата година бил постигнат успешен резултат со рекордни бројки.

„Усогласувајќи ги сопствените
капацитети со барањата на Network Manager, „М-НАВ“ А.Д. – Скопје постигна
солиден резултат во рамките на европската мрежа на воздушен сообраќај со
процент на сообраќај кој бележи раст од речиси 4% (5,5% overflights – прелети)
од нивото на сообраќај во 2019 година, која се зема како референтна година во
анализите на сите релевантни воздухопловни фактори“, потенцираат од таму.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy