Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОНСТИТУИРАН НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА ИЗВОЗ СО КОЈ ЌЕ РАКОВОДИ СТОПАНСКАТА КОМОРА
Економија

КОНСТИТУИРАН НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА ИЗВОЗ СО КОЈ ЌЕ РАКОВОДИ СТОПАНСКАТА КОМОРА

06/03/2023

AA

Во Стопанската комора на Северна Македонија се одржа конститутивна седница
на Националниот совет за извоз, кој ќе биде главен механизам за јавно-приватен дијалог
каде ќе се третираат сите прашања поврзани со промоција и поддршка на извозот.

Советот ќе биде
раководен од страна на Комората, во рамки на проектот за
поддршка на приватниот сектор за регионална економска интеграција што
Стопанската комора го имплементира во партнерство со Агенцијата за меѓународен
развој на Соединетите Американски Држави – УСАИД.

Претседател на Советот е Бранко Азески, претседател на Стопанската комора,
а во истиот членуваат и претставници на Владата на Република Северна
Македонија, владини институции и тела, органи на државната управа кои имаат
надлежности и вршат активности поврзани со извозот и претставници од различни
извозно ориентирани сектори / компаниите.

На денешната прва седница на Советот Азески во своето обраќање нагласи
дека, целта на ова тело е да обезбеди поголема поддршка за домашните извозни
компании во нивните напори за зголемување на конкурентноста и градење на
системски пристап за поголема промоција на извозните компании и производи на
регионалните и меѓународните пазари.

„Ние како земја сме мал пазар со ограничена куповна моќ и единствен начин
да се развиваме во иднина како економија е да градиме извозни капацитети и
компании кои ќе бидат подготвени да се натпреваруваат и победуваат на
регионалните и глобалните пазари. Јас ќе ви дадам неколку илустрации за
исклучително неповолната структура на нашиот извоз што ја имаме.

Прво, во моментот нашите компании извезуваат само 370 производи со вредност
поголема од 1 милион долари, а првите 25 извозни производи учествуваат со 66%
во вкупниот извоз на земјата.

Второ, 95% од македонскиот извоз се пласира на само 25 пазари.

Трето, од вкупно 3.500 извозни компании во моментот само 450 извезуваат со
вредност поголема од 1 милион долари. Овие се поразителни бројки кои ние како
земја час поскоро треба и мора да ги промениме. За таа цел, комората и јас
лично веќе подолг период јавно укажуваме, а сега и со конкретни мерки и чекори
почнавме активно да работиме на тој план“, истакна Азески.

На конститутивната седница се отвори дискусија по однос на Нацрт
Стратегијата за промоција на извозот на РСМ 2023-2027 година.

Преку проектот Стопанската комора и во наредниот период ќе работи на
поголема промоција на компаниите преку организирани настапи на меѓународни
саеми, Б2Б средби, организирање на купувачки мисии и други форми на промоција.

Во меѓувреме, Комората посветено работи на целосно зајакнување на
сопствените капацитети преку Клубот на извозници и Советот за унапредување на
индустриското производство и извоз кои се специјализирани тела насочени кон
обезбедување на целосна поддршка за извозните компании.

Оваа соопштение е
подготвено со одобрување на Американската Агенција за Меѓународен развој.
Истото е изработено од страна на Стопанска комора на Северна Македонија во
рамки на проектот “Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”,
имплементиран од страна на Стопанска комора на Северна Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА И ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА Врнежите носат голем

26/01/2026
Македонија

ЌЕ СВЕДОЧАТ ПЕТМИНА ОШТЕТЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ Продолжува

26/01/2026
Македонија

Таравари удира по „Безбеден град“: Се крши Законот за јазици,

25/01/2026
Македонија

Тотална блокада од утре напладне: 370 камиони ги затвораат сите

25/01/2026
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДОЖД И СНЕГ Циклон носи обилни врнежи,

25/01/2026
Македонија

СО 3,15 ПРОМИЛИ УДРИЛ ВО ОБЈЕКТ И ПОБЕГНАЛ Пет лица

25/01/2026
Македонија

МАЛОЛЕТНИК ЗАД ВОЛАН ПРЕДИЗВИКА ХАОС Пешак се бори за живот

25/01/2026
Македонија

НА ВЛАСТ ДРУГАРУВАА ЗА КРИМИНАЛНИ ШЕМИ, А СЕГА СЕ ПРОТИВ

25/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40608
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА И ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА Врнежите носат голем ризик од поплави

26/01/2026

Целата територија на Македонија денеска ќе биде во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни дождови, на планините

ЌЕ СВЕДОЧАТ ПЕТМИНА ОШТЕТЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ Продолжува судењето за предметот „Кочани“

26/01/2026

Со искази на сведоци, оштетени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска во големата судница на Кривичниот суд во

Таравари удира по „Безбеден град“: Се крши Законот за јазици, казните се превисоки – следува

25/01/2026

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари излезе со остри критики за начинот на кој се спроведува проектот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy