Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Конкретни активности, инструменти и алатки во интерес на извозните компании
Економија

Конкретни активности, инструменти и алатки во интерес на извозните компании

05/11/2024

AA

Во Стопанската комора на Северна Македонија пред компаниите членки на Клубот на извозници беше промовиран новиот концепт за извоз на Комората, со кој преку конкретни инструменти и алатки ќе се третираат сите прашања поврзани со промоција и со поддршка на извозните активности на компаниите.

Седницата ја отвори Бранко Азески,претседателот на Комората, во улога на претседател на Националниот совет за извоз (НСИ), кој во своето излагање потенцираше дека Комората веќе извесен период работи на градење нов пристап и стратегија за поддршка на домашниот извозен сектор и на домашните извозни компании, преку нов концепт кој се базира на три меѓусебно поврзани столба, и тоа: 

1.НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА ИЗВОЗ (НСИ), кој претставува национално и советодавно тело формирано во рамките на проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална економска интеграција“, кој го спроведува Комората во партнерство со Американската агенција за меѓународен развој УСАИД, како и платформа за јавно-приватен дијалог,која ќе обезбеди институционална поддршка за компаниите, со цел поголема интернационализација на македонскиот бизнис. Во Советот членуваат повеќе од 30 успешни извозни компании од различни извозни сектори, претставници на приватниот сектор и претставници на Владата и на надлежните државни институции. Преку Советот се третираат прашањаповрзани со извозната конкурентност на земјата, со формите за поддршка на извозните компании, со трговската регулатива за олеснување на извозот и сл.

2.КЛУБОТ НА ИЗВОЗНИЦИ претставува специјализирано тело во рамките на новиот концепт за извоз на Комората, кое ќе им обезбеди организациска, техничка и логистичка поддршка на домашните извозници во насока на поголема извозна подготвеност и на поголема извозна промоција на македонските компании и производи на регионалните и на странските пазари. Клубот на извозници е најголема бизнис-асоцијација претставник на домашните извозни компании и неговата улога е да ги застапува интересите на домашните извозници како значајни чинители за националната економија. 

3.ИНСТИТУТОТ ЗА ИЗВОЗ претставува клучна алатка која треба да испорача стручна и експертска поддршка за компаниите, преку аналитички и тренинг-центар. Аналитичкиот центар, преку изготвувањето стручни анализи и истражувања, ќе работи на идентификување на новите извозни можности за компаниите и преку конкретни форми на поддршка и модерни алатки ќе работи директно со компаниите во насока на изнаоѓање трговски партнери и воспоставување бизнис-релации, со цел пристап до нови пазари и зголемување на извозната активност на постојните пазари. Тренинг-центарот ќе работи на градење поголеми човечки и менаџерски капацитети на извозно ориентираните компании, преку специјализирани обуки и коучинг-програми со реномирани домашни и странски експерти, за да им помогне на македонските компании во делот на зголемување на конкурентноста, поголема видливост преку соодветни маркетинг-активности и градење брендови, поефикасно барање трговски и бизнис-партнери на странските пазари и подобро справување со институционалните и со регулаторните барања за настап на конкретни пазари.

Азески додаде дека во периодот што следува Комората, во координација со Владата на РСМ и со нејзините институции, ќе разговара за конкретни форми на поддршка за извозните компании, за конкретен износ на средства од буџетот за таа намена, како и за институционалната форма на соработка меѓу државата и приватниот сектор, со цел успешна примена на националната стратегијата за извоз, која треба да испорача поголем извоз и поголем економски раст на земјата во иднина.

Проф. д-р Дарко Лазаров,  претседател на Клубот на извозници, во своето излагање истакна дека Комората преку сет добро дизајнирани инструменти и модерни алатки, во рамките на новиот концепт, ќе работи во насока на обезбедување конкретна поддршка за македонските извозни компании во нивните напори за зголемување на конкурентноста и на извозната подготвеност, како и во нивните напори за изнаоѓање нови трговски и бизнис-партнери, влез на нови пазари и поголема видливост на меѓународните пазари.

На седницата на Клубот на извозници, по предлог на претседателот д-р Лазаров, покрај постојниот потпретседател Анатол Кутревски од ПЕКАБЕСКО АД Скопје, беа избрани и двајца нови потпретседатели на Клубот:

·Евгенија Ангеловска – ЛАМИНАТИ КОМ ДОО Прилеп

·Зоран Н. Илиев – АКТИВА ДОО Штип

На тој начин, Клубот на извозници значително ја зајакна својата менаџментска структура со млади професионалци и претставници на успешни извозни компании, кои како тим, заедно со претседателот Лазаров, ќе работат на операционализирање на новиот концепт на Комората за поддршка на извозните активности на домашните компании.

Истовремено, д-р Лазаров најави дека на следната седница на Националниот совет за извоз една од точките за кои ќе се дискутира е примена на стратегија за промоција на извозот на РСМ (2024 – 2028), како основа за обезбедување системска поддршка за извозно ориентираните компании од државата и за институционално олеснување на извозните активности.

На седницата беше промовирана и дигиталната извозна платформа EASY EXPORT, алатка креирана преку истоимениот проект на УСАИД, која обезбедува корисни информации за извозните компании, поврзани со надворешната трговија, во делот на базите на податоци за трговските посредници на одделни пазари, законските и регулаторните барања, царинските и нецаринските бариери, повиците за поддршка, корисните анализи и сл. Истовремено, од платформата EASY EXPORT произлегува и директориумот за извоз, кој содржи дигитални профили за повеќе од 1.000 македонски извозни компании.

Истовремено, на седницата беа претставени и активни повици наменети за компании чија цел е зголемување на конкурентноста и поддршка во процесот на развивање на извозните капацитети во делот на дигитализацијата, воведувањето меѓународни стандарди за квалитет, технолошки развој и градење извозна мрежа на странските пазари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45825
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР

26/09/2026

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Северна Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее со потеклото и со дострелите

26/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“, денеска ја одликуваше Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“ за извонредниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy