Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОНФИСКУВААТ ИМОТ НА ДОЛЖНИЦИ, А САМИТЕ НЕ ГИ УПЛАЌААТ ПАРИТЕ ВО БУЏЕТОТ – еве какви забелешки најдоа ревизорите за Агенцијата за управување со одземен имот
Економија

КОНФИСКУВААТ ИМОТ НА ДОЛЖНИЦИ, А САМИТЕ НЕ ГИ УПЛАЌААТ ПАРИТЕ ВО БУЏЕТОТ – еве какви забелешки најдоа ревизорите за Агенцијата за управување со одземен имот

04/04/2025

AA

Не ги уплатиле
сите пари во Буџетот, нивните финансиски извештаи не точни, а проблеми се утврдени и кај квалификациите
на вработените во Агенцијата за управување со одземен
имо
т. Ова се дел од
забелешките на ревизорите кои утврдиле дека има недостиг на средства уплатени
во Буџетот.

– 
Анализата на остварените
приходи од продажба на одземен имот иуплатените средства во Буџетот на државата
реализирани од Агенцијата во период од 2011 до 30 септември 2024 година
упатуваат дека од остварените вкупни приходи во износ од 1,650 милијарди
денари, во Буџетот на државата уплатени се 1,205 милијарди денари, односно уплатени
се 445 милиони денари помалку
– се нагласува
во ревизорскиот извештај изработен од Државниот завод за ревизија.

Понатаму
ревизорите утврдиле дека како неискористени парични
средства на депозитната сметка на Агенцијата на ден 31.12.2023 година се
наоѓаат 40.721 илјади денари, кои не се уплатени во Буџетот на државата.

– 
Во истиот период, од 2013
заклучно со 30.09.2024 година, од остварените приходи потрошени се вкупно
10.519 илјади денари по разни основи од редовното работење на Агенцијата. Во
2023 година на овој начин се потрошени 4.771 илјади денари– се укажува во извештајот.

Но, ревизорите
истакнуваат дека користењето на средствата од продажба
на одземени предмети и недвижен имот по правосилни судски одлуки или управни не
е во согласност со Законот за буџети
бидејќи предизвикува поголеми расходи во
однос на максималните износи на одобрени средства по буџетски корисници на
централната власт што секоја година ги утврдува Владата при планирањето на
буџетот, како и незаконско користење на средствата кои требало да бидат
уплатени во Буџетот на Македонија.

Ревизорите се
осврнуваат и на човечките ресурси во Агенцијата, поточно на профилот на
вработените. Укажуваат дека од предвидените 47
административни службеници, за 18 позиции за кои е потребно 240 кредити според ЕКТС или завршен
VII/1 степен, знаења, искуство и вештини, пополнети се само шест. Потоа посочуваат дека најголем број на работните позиции, поточно 16 се од ниво В4- помлад
соработник кој треба да има најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен и со или
без работно искуство во струката, каде се пополнети само седум места. Во секторот
за оперативно работење надлежен за преземање, складирање, евидентирање, чување,
продажба и управување со одземениот имот, од планираните 16 вработени има само седум стручни лица.
Кај секторот за финансиски прашања за планираните 12
позиции, работите ги извршуваат само три лица – помлади соработници. Во самостојното
одделение за човечки ресурси, од планираните пет, пополнето е само еднo работно
место, додека кај дејностите од информатичка област предвидено е да ги врши еден помлад
соработник, кој се ангажира со договор на дело. Ревизорите исто така укажуваат дека неколку години наназад не се спроведуваат обуки за вработените, ниту пак се подобрувале просториите на
Агенцијата.

– 
Многу малку средства се
искористени за подобрување на просторните или техничките капацитети на
Агенцијата и истите од 1,82
отсто учество во вкупните расходи за 2019 година, се
намалени на 0,22 проценти во вкупните расходи за 2023 година.
Технички ресурси: стари
софтверски решенија од кои дел не се користат, слаба функционалност на системот
за продажба- лицитација кој заедно со Веб страната (постара верзија) се во
континуирани состојби на грешки, чести паѓања на веб порталот, некогаш јавно
недостапни дури и за време на јавно наддавање
. Во делот на останати прашања
ревизорите укажуваат на потребата од усогласување на Законот за управување со
конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна
постапка со Законот за процена како вработените во Агенцијата би можеле да се
стекнат со статус проценувач за да може да се врши процена на вредноста на
одземениот имот без одлевање на средства– посочуваат од ДЗР.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсен екс-правобранителот Фехми Стафа, под сомнение за тежок поткуп

13/12/2025
Македонија

„ОНЛАЈН МЕДИА“ БАРА ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ Здружението го осудува СДСМ за

13/12/2025
Македонија

Сообраќајот по една лента на автопатот Гостивар-Тетово

13/12/2025
Македонија

Тешка несреќа на патот Гостивар – Тетово!

13/12/2025
Македонија

ЗИМСКО УТРО, СОНЧЕВ ДЕН Температурите ќе се искачат до 15

13/12/2025
Македонија

Шест ученици истепале двајца соученици во основното училиште ОУ „Дитурија“

13/12/2025
Македонија

Утре во функција ќе биде шестоседната жичара на Попова Шапка!

13/12/2025
Македонија

СКАНДАЛ ВО ШТИП И ВО КОЧАНИ Адвокатка и четворица полицајци

13/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38899
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсен екс-правобранителот Фехми Стафа, под сомнение за тежок поткуп

13/12/2025

Поранешниот Државен правобранител на Македонија, Фехми Стафа, вечерва е лишен од слобода во полициска акција. Апсењето на еден од некогашните

„ОНЛАЈН МЕДИА“ БАРА ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ Здружението го осудува СДСМ за нападите врз медиумите

13/12/2025

Здружението „Онлајн медиа“ остро ја осуди прес-конференцијата на СДСМ, на која партискиот портпарол јавно ги дискредитираше медиумите членки на здружението

Сообраќајот по една лента на автопатот Гостивар-Тетово

13/12/2025

АМСМ информира дека од 20.05 часот на Автопат Гостивар-Тетово после клучка Камењане,  сообраќајот се одвива по 1 сообраќајна лента и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy