
Конференција за ладилна техника и топлински пумпи на природни ладилни флуиди, Охрид 2023
На 27-29.04.2023 во Охрид, Машински факултет – Скопје, во
соработка со Меѓународниот Институт за Ладење (International Institut of
Refrigeration – Paris), по 10-ти пат ја организираше Меѓународната конференција за ладилна техника и топлински пумпи на природни
ладилни флуиди“Ammonia and C02 Refrigeration
Technologies”.
На конференцијата земаа учество над 150
учесници, врвни експерти во својата област од светски познати компании,
факултети, институти, здруженија и асоцијации од повеќе од 35 земји од светот. Презентирани
беа 40 труда на различни технологии за ладење, греење и климатизација на
индустриски и комерцијални објекти, системи кои користат амонијак и CO2 како природни
ладилни флуди. Конференцијата која
траеше два дена беше отворена од претседателот на организациониот одбор проф. д-р
Ристо Цицонков од Машински Факултет Скопје кој даде ретроспектива на сите
претходни десет конференции, која беше идејата за оваа конференција во
Македонија и како ладењето, греењето и климатизацијата со природни ладилни флуиди е
актуелно како никогаш претходно.

Во
областа на ладење, греење и климатизација се случуваат големи промени поради проблемите со
глобалното затоплување (климатски промени) и штетното дејство врз озонската обвивка.
Интензивно се работи на усовршување на постоечките и развој на нови технологии
со посебен акцент на енергетската ефикасност.
На
оваа конференција беа презентирани трудови од најновите истражувања и примени во
праксата. Се разменија голем број на искуства и се согледаа можности за трансфер на
технологии во областа на ладење, греење и климатизација.

Македонија овие три дена беше центар на светската јавност
која работи на полето на ладење, греење и климатизација и многу странски
агенции ги пренесоа предавањата и најновите технологии кои беа презентирани во
Охрид.

веб
страна на
конференцијата
