Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ: Мицкоски ги реши дилемите на граѓаните
Економија

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ: Мицкоски ги реши дилемите на граѓаните

11/12/2024

AA

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио на МРТВ на тема „Буџет 2025“ на тема пензии и ПИОМ истакна дека ставот на Владата е дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање и дека детектирани се проблемите, Владата дејствува, а новиот буџет има развојна компонента и индикаторите ќе бидат уште подобри.

 
„Суштината е дека ние преку овој двостолбен задолжителен пензиски систем оваа дупка во државниот пензиски столб ќе се проширува уште некое време, отприлика до 2030 година и потоа кога ќе почне подинамична исплата од вториот пензиски столб, тогаш ќе биде поинаку. Ние како Влада имаме и втора опција како што направија Полска, Унгарија, Балтичките земји да го национализираме и се да биде државно. Еден закон се носи, се национализира вториот столб и дупката ќе ја нема, но дали е вистинска мерка има различни мислења.  Има мислења дека треба, други викаат не треба, и во состојба во која сме така можеме да кажеме дека дупката ќе се продлабочува, населението старее, придонесите се тие коишто се, пензиите се тие коишто се“, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека во врска со темата друго е реформата како ќе се однесува Владата кон социјалните трансфери, дали ќе направи реформа во делот на примателите конкретно на социјална помош кои добиваат по неколку закони, дали ќе има еден катализиран регистар да се знае кои се тие кои се живи приматели, затоа што има приматели кои не се живи или се отселени одамна.

„Мора да се направи таа реформа. Има градови каде бројот на приматели на разна социјална помош и слично или се плаќаат придонеси за неосигурани лица е поголем од бројот на жители.  Имаме такви наследени парадокси“, истакна Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека сепак треба да се знае дека оваа Влада не ги остава работите како што биле, туку ги знае проблемите и веќе ги решава.

 
„Нема да очајуваме, ќе работиме, детектиравме, јасно знаеме кои се проблемите, има повикани вработени во центрите за социјални работи кои се повикани на одговорност. Така што мора ова да се катализира, нема да ја оставиме работата каква што била до сега. Дејствуваме и мислам дека скоро од денеска ќе се почувствува, индикаторите се подобри и ќе бидат уште подобри“, нагласи премиерот Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица

13/04/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале

13/04/2026
Македонија

„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската

13/04/2026
Македонија

ЗНАМ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МАЃАР ЗА ПОБЕДАТА Уверени се дека

13/04/2026
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42424
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Со четирицикл излетале од патот Тетово- с. Јажинце, две лица тешко повредени!

13/04/2026

На 12.04.2026 во 12:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с. Јажинце, во с. Одри,

ПРИВЕДЕНИ 10 ВОЗАЧИ ПОРАДИ БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Од нив 8 немале возачка дозвола

13/04/2026

Полицијата приведе 10 возачи за безобѕирно управување возило во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата. Од нив,

„Неприфатливо“: Муцунски со осуда за палењето на објект на Еврејската заедница во Скопје

13/04/2026

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска остро го осуди палењето на објект поврзан со Еврејската заедница и синагогата во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy