
Конечно преовлада разумот: Претседателот на Анкарагучу му се извини на судијата и поднесе оставка
Прво јавно му се извини на Халил Мелер за нападот од синоќа, а потоа си поднесе оставка на својата функција.
„Ѝ се извинувам на турската судиска заедница, на спортската јавност, на цела Турција и на судијата Мелер и неговото семејство. Не е важно како и зошто дојде до ова, ништо не може да го оправда насилството што го демонстрирав“, изјави, меѓу другото, Хоџа.
По синоќешниот инцидент, тој беше уапсен за напад на службено лице, а судијата Халил Мелер денеска објави дека ја завршува својата кариера.

