
Конечно падна договор, Хојлунд е нов напаѓач на Манчестер јунајтед!
Според Фабрицио Романо, постигнат е договор меѓу Манчестер јунајтед и Аталанта за трансфер на Расмус Хојлунд.
Се работи за сума од 70 милиони евра со бонуси. Трансферот официјално ќе биде комплетиран и потврден во наредните денови кога ќе бидат завршени сите формалности.
Хојулнд од поодамна има договор за личните услови со Манчестер јунајтед, тој ќе стави потпис на петгодишен договор.