Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Концесионерот на „Чебрен“ ќе плаќа „ситно“ за користење на водата
Економија

Концесионерот на „Чебрен“ ќе плаќа „ситно“ за користење на водата

19/09/2023

AA

Грчката фирма ППЦ – Архиродон, која со одлука на Владата е избрана за иден доминантен стопанственик на хидросистемот „Чебрен“,  за добиената концесијата за користење на водата на Црна Река ќе плаќа само еден отсто годишно од продадената електрична енергија, при што во овој приход нема да се сметаат трошоците за струја за работењето на пумпите.

„Годишниот надоместок за концесија за вода утврден согласно Одлуката за утврдување на начинот на определувањето на висината на еднократниот и годишниот надоместок за концесија за користење на вода, изнесува 1 отсто од остварената просечна цена на произведената електрична енергија за секој произведен киловат час, намалена за потрошената електрична енергија во пумпен режим на работа, во секоја година на користење“, пишува во одлуката на Владата за избор на најповолна понуда за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река, објавена во Службен весник.

Грубо пресметано, концесијата што ќе ја плаќа ППЦ-Архиродон како доминантен сопственик во акционерското друштво кое во иднина ќе стопанисува со хидроцентралата заедно со АД ЕСМ, надоместокот годишно по денешни пазарни услови, би изнесувал само околу еден милион евра за државниот буџет и локалните власти.

Веќе е познато дека електричната енергија произведена од „Чебрен“ ќе се продава на слободниот пазар. Според претходна пресметка на експертите, од овој систем годишно би се продавале 1.200.000 мегаватчасови електрична енергија. Доколку се претпостави дека струјата ќе се продава по 100 евра од мегаватчас, тоа значи дека концесионерот годишно би плаќал 1,2 милиони евра и тоа ако тука не се смета трошокот за електрична енергија за пумпите што ќе ја враќаат назад водата заради балансирање.

Бидејќи моќноста на „Чебрен“ (333 мегавати според објавената владина одлука) е над 100 вати, концесионерот ќе плаќа само 1 отсто од приходите (минус трошоците за работа на пумпите). Помалите и средните хидроцентрали по правило треба годишно да уплатат 2, односно 1,5 проценти од продадената струја. „Чебрен“ како голема хидроцентрала е ослободен и од плаќање на еднократен почетен надоместок за добивање на концесијата.

Доколку се изгради хидроелектраната Чебрен, таа треба да произведува струја речиси колку што произведуваат другите хидроцентрали во земјава заедно. Македонија сега користи само една четвртина од својот хидропотенцијал за производство на струја. Со инвестиции во оваа централа, Македонија, која е зависна од увоз на струја, може да обезбеди релативно достапна струја во наредните децении.

-Со оваа одлука се овозможува реализација на еден од најголемите и најважните енергетски проекти во Република Северна Македонија. Проценетата вредност на инвестицијата е околу 1 милијарда евра со која е предвидена изградба на реверзибилна хидроцентрала Чебрен, со инсталиран капацитет од најмалку 333 MW. ХЦ Чебрен е предвидено да има функција на производство на електрична енергија, како и режим на пумпање и враќање на водата назад со што на Црна Река предвидено е создавање ново вештачко езеро, кое ќе биде најголемо во нашата држава. По завршување на проектирањето, и обезбедувањето на потребните документи се очекува да се почне со градба која е предвидена да трае 7 години, соопшти Владата минатата недела.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
Македонија

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни

29/09/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45866
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок доби машина за миење возила

29/09/2026

Битолското јавно претпријатие „Нискоградба“ после 15 години купи нова градежна машина „HIDROMEK“ и промени две надградби на товарни возила „RENO

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори и домот „Кузман Јосифовски-Питу“ во

29/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека утре ќе биде отворен реконструираниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје, кој ќе биде модерен

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО Уапсени се четворица, по тројца

29/09/2026

Четири лица, сите државјани на Полска, се уапсени откако со четирицикли влегле во просторот на воените магацини во Тетово, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy