
КОМУ МУ Е ГРИЖА ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ – АНКЕТА: Европејците велат секога има алтернатива
Граѓаните на еврозоната би биле подготвени да бараат
алтернативи на американските производи доколку САД воведат царини за производи
од Европската Унија, покажа истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ).
На почетокот на април, американскиот претседател Доналд
Трамп објави „реципрочни“ царини за трговските партнери со кои САД имаат
континуиран трговски дефицит.
Увозот од
ЕУ би подлежел на дополнителни тарифи од 20 проценти, објави „Сибиз“.
Трамп, во меѓувреме, ги одложи царините за 90 дена, велејќи
дека сака да обезбеди доволно време за преговори.
Во март, како дел од редовното месечно истражување за
очекувањата, ЕЦБ праша 19.000 граѓани на Еврозоната „до кој степен би биле
спремни да купуваат други производи наместо американски“ доколку САД воведат
царини за увоз од ЕУ, а Унијата возврати со истата мерка.
„Резултатите покажуваат дека потрошувачите се многу спремни
да се оддалечат од американските производи и услуги“, заклучија авторите на
анкетата на ЕЦБ.
На скала од нула до 100, која се движи од „не сум
подготвен/а“ до „многу подготвен/а“, средниот одговор на клиентите бил 80,
велат авторите.
фото: EPA