Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОМПАНИИТЕ ДА ОРГАНИЗИРААТ ПРЕВОЗ ИЛИ ДА ИСПЛАТАТ ПАРИ ЗА ГОРИВО – еве го предлогот на Левица за заштита на работниците
Економија

КОМПАНИИТЕ ДА ОРГАНИЗИРААТ ПРЕВОЗ ИЛИ ДА ИСПЛАТАТ ПАРИ ЗА ГОРИВО – еве го предлогот на Левица за заштита на работниците

27/02/2025

AA

Предлогот на опозициската Левица за враќање
на патните трошоци за работниците веќе стаса во Собрание. Како што напишале
самите предлагачи овој предлог закон ќе доведе до еднаква примена на законот
врз сите работници
што ќе стимулира зголемена продуктивност на работниците и
подобрување на животниот стандард.

– Постоечкото законско решение и
Општиот колективен договор од областа на стопанството, предвидуваат можност
работодавците на свој трошок да обезбедат превоз од и до работното место од што
произлегува дека законот
им го признава правото на работниците на надоместок за
превоз како трошок поврзан со работата. Бидејќи законот иницира на
претпоставката дека работникот за доѓање на работа прави трошок, и иако
граѓаните пред Уставот и законите се еднакви, во пристапот до остварувањето на
правото на надоместок за трошоците поврзани со работа работниците се
нееднакви – пишува во предлог законот доставен пред народните избраници.

Предлагачите додаваат дека ова
право на работниците не е облигаторна обврска за сите
работодавци, поради што работниците се оставени на добрата волја на
работодавачите.
Поради овие причини, од Левица укажуваат дека ова право
кое им следува на работниците индиректно се трансформира во дискреционо право
на работодавецот да одлучи дали ќе им го овозможи на работниците или не, со што
една група на работници го ужива правото, а друга не.

– Законот за работните односи од
2005 година го признаваш овој надоместок, со тоа што неговата висина беше
утврдена со Оптшиот колективен договор од областа на стопанството од 2006
година. Одредбите подоцна беа укинати со Законот за изменување на Законот за
работните односи од 2008 година, а финансискиот товар за направените
трошоци остана на терет на работниците.
Трошоците за транспорт за
едно домакинство минатата година во просек се движеле од 7 до
8 проценти од семејниот буџет, издатокот за
транспорт од и до работа е голем –
посочуваат од партијата.

Воедно, од Левица укажаа дека од земјите во
регионот, Србија со закон го уредува надоместокот за направен трошок за превоз
од и до работа, а работниците добиваат надомест во паричен износ во случај
работодавецот да не обезбеди превоз.

– Со тоа е изземен просторот
за манипулација од страна на работодавците, а работниците се подеднакви во
остварувањето на своето законско право – се посочува во предлог законот доставен во
Собрание.

Дополнуваат дека целта е работниците да имаат исти права. Со
промените кои ги предлагаат, во законот треба да стои „Работодавецот
на свој трошок на работниците им организира превоз до и од работното место или
им исплаќа трошоци за превоз“.

– Трошоците за превоз, кога нема
организиран превоз, се во висина на продажната цена на горивото, пресметана по просечна
потрошувачка на шест и пол литри гориво за изминат пат од 100 километри 
– стои во законот.

Воедно се предлагаат и два нови ставови
кои ќе гласат: Работодавачот на свој трошок на работниците може да им
организира исхрана за време на работа. Трошоците за исхрана можат да изнесуваат
најмногу до 20 проценти од просечната нето плата по работник
исплатена во претходната година.

Дали овие законски измени ќе поминат во Собрание е нејасно, дури и
тешко за очекување дека ќе бидат прифатени, поради фактот што опозициската
Левица често ги критикува владините избраници, а дел од нив веќе и јавно кажаа
дека нема да поддржуваат ниту еден нивни предлог.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy