
КОМПАНИЈАТА НА СЕМЕЈСТВОТО НАКОВИ ПРОФИТИРАШЕ СО 1,33 МИЛИОНИ ЕВРА И СИ ПЛАТИ НАД 60 ОТСТО ОД ДОЛГОВИТЕ – објавен извештајот за инвеститорската јавност
Шпедитерската компанија Фершпед лани остварила оперативна добивка во
износ од 90.041 илјади денари или 1,5 милиони евра, искажана во
неревидираниот Биланс на успех, објави компанијата.
Профитот на фирмата, односно добивката по оданочување лани била на сума од 1,33 милиони евра, што е само за еден отсто пониско ниво од ланската добивка по плаќањето на даноците.
Остварените
вкупни приходи во периодот Јануари-Декември 2022 година изнесуваат 4.613.135
илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2021 година се на
приближно исто ниво. Оперативните приходи во износ 4.609.144 илјади денари
учествуваат со 99,9 отсто во вкупните приходи и истите се на исто ниво во споредба
со оперативните приходи во 2021 година.
Финансиските приходи
бележат намалување во однос на истите од претходната година.
Вкупните расходи
во износ од 4.520.983 илјади денари се на приближно исто нивово однос на вкупните расходи во 2021 година. Оперативните расходи во износ 4.519.103
илјади денари се на приближно исто ниво во однос на 2021 година. Најголемо
учество во оперативните расходи со 85,8 отсто имаат расходите за услуги со карактер на материјални
трошоци во износ од 3.877.676 илјади денари.
Финансиските
расходи бележат зголемување во однос на претходната година.
„Во извештајниот
период на товар на акумулираната добивка направен е отпис на ненаплатливи салда
од минати години на краткорочни позајмици и побарувања од купувачи во вкупен
износ од 380.389 илјади денари од подружницата Сковин АД Скопје над која
во почетокот на 2022 година беше
отворена стечајна постапка, како и вредносно усогласување за минати години на
вложување во подружница во износ од 22.125 илјади денари“, се вели во образложението на компанијата.
На
Годишното собрание на акционери одржано на 31.05.2022 година одобрена е пресметка и
исплата на бруто дивиденда од
акумулирана нераспределена оданочена добивка на друштвото од минати години во бруто
износ од 8.966.650 денари, односно 550 денари бруто за една акција.
Вкупните обврски
по кредити на 31.12.2022 година изнесуваат 9.197 илјади денари и истите се намалени за 14.611 илјади
денари или за 61,4 отсто во споредба со состојбата на 31.12.2021 година и
претставуваат 0,49 отсто од капиталот и
резервите.
За
реализација на планираните цели во претстојниот период, се предвидува
одржување, но и подобрување на квалитетот на реализација со превземените
активности.
Н.Н.Ф.
