Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Компанија во Македонија плати милион евра за струја, а продаде канабис од само 330.000
Економија

Компанија во Македонија плати милион евра за струја, а продаде канабис од само 330.000

20/07/2023

AA

Сонцеритас АД Скопје, единственото акционерско друштво за производство на медицински канабис во Македонија, минатата година платил сметки за електрична енергија од милион евра, а од продажба, поради законските ограничувања, направил приход од само 20 милиони денари, или околу 330.000 евра.

Германскиот инвеститор, чие седиште е во Скопје, а фабриката е во Росоман, работи од 2019, а од 2021 има статус на акционерско друштво. Трошоците од 134 милиони денари лани го довеле „Синцеритас“ во загуба од безмалку 2 милиони евра на крајот од минатата година.

Како трошоци за вработени биле исплатени 40 милиони денари, а во текот на годината поради ограничувањата со прописите и администрацијата, бројот на вработени паднал од 70 на 8 работници. Задолженоста по подигнати кредити е стигната до ниво од 10 милиони евра, а вкупната сметка за струја со настапувањето на енергетската криза се зголемила за двојно повеќе.

Акумулираните загуби од изминатите години изнесуваат 6,6 милиони евра, но инвеститорот сепак дал поддршка затоа што од оваа година се очекува позитивно работење по надминувањето на процедурите за извоз на производите од канабис.

„Последното ограничување се однесуваше
на тарифната ознака за производите од канабис – предмет на извоз, кое што во 2023 беше надминато
од страна на Царинската управа, поради што во моментов сме во процес на стекување тарифна
ознака за растворите со ТХЦ екстракти, но и со ТХЦ и ЦБД компоненти.
Во 2023 беше претставена правна процедура од страна на институциите за продажба на ТХЦ
производи на домашниот пазар, со што пазарот во Македонија за ТХЦ производи се отвори за
тргување. 

Со отстранувањето на овие ограничувања, компанијата очекува да започне да постигнува позитивни
финансиски резултати, а со тоа и полесно да функционира.
Во меѓувреме, компанијата се стекна и со европскиот ДПП сертификат („EU-GMP сертификат“) кој
што дозволува продажба на странски пазари каде е неопходно поседувањето на тој сертификат.
Така, во 2023, компанијата започна со извоз на производи во Германија. Во иднина, компанијата
планира проширување на пазарите во Обединетото Кралство, Полска и Нов Зеланд. 

Понатаму, во согласност со бизнис планот подготвен од страна на компанијата, проекциите за 2023
предвидуваат позитивни финансиски резултати до крајот на годината.
Главниот извршен директор на „Синцеритас“ има издадено писмо со поддршка, каде наведува дека
ќе ја обезбеди неопходната раководна поддршка за компанијата да продолжи со оперативни
активности во 2023“, се вели во ревизорскиот извештај на „Синцеритас“ испратен до „Македонска берза“.

Бизнисот со марихуана за медицинска употреба сè уште не почнал да носи пари во земјата како што се очекуваше. Производителите во меѓувреме континуирано бараа легислативни измени за олеснување на извозот.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy