Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Комората на трговски друштва за геодетски работи се приклучи на Стопанската комора на Северна Македонија
Економија

Комората на трговски друштва за геодетски работи се приклучи на Стопанската комора на Северна Македонија

18/01/2024

AA

Комората на трговски друштва за геодетски работи од денеска
се приклучи на Стопанската комора на Северна Макеоднија. Соработката како што
информира претседателот на Геодетската комора Никола Рибаровски е во насока на
обезбедување поддршка во заложбите за креирање на деловен амбиент на
геодетските компании преку кој ќе се истакне важноста на конструктивниот
јавно-приватен дијалог.

На денешната прес-конференција Рибароски посочи дека ваквата
соработка ќе придонесе кон полесно справување со моменталните предизвици на
геодетските компании.

-Геодетската комора поради оние јавни овластувања кои ги има
според законот, а со кои незаконски во моментов и се одземени ќе продолжи да
дејствува независно, но од денеска под чадорот на Стопанската комора.
Соработката со Стопанска комора која денеска ја официјализиравме ќе биде во
насока на поддршка на нашите заложби да обезбедиме на компаниите кои се дел од
оваа геодетска комора соодветен деловен амбиент преку кој ќе се обидеме да ја
истакнеме важноста на конструктивниот јавно-приватен дијалог, појасни Рибароски.

Тој потсети на проблемите со кои се соочува комората.

-Би ја истакнал веќе започнатата борба на докажувањето на
уставната и законски загарантирана независнот на нашата комора, а понатаму сите
проблеми со кои се соочуваме, а тоа се различните опструкции, незаконски
опструкции и репресивната политика кон фирмите преку разно разни одземања на
лиценци, овластувања и тнт., потенцира тој.

Изрази надеж дека ваквата ситуација нема да трае долго и оти
комората ќе почне да ги користи ресурсите на многу попродуктивни и посуштински
работи кои ќе придонесат кон унапредување и развој како на членките на
комората, така и на целата дејност и струка.

– Воедно сакам да информирам дека после четири годишна сага,
Владата е во процес на донесување на измена на тарифникот на нашите услуги,
имајќи ја предвид важноста и итноста апелираме овој процес да биде завршен во
најкус можен рок, бидејќи според нашите информации тарифникот на 15 декември
претодната година е усвоен од страна на Управниот одбор на Агенцијата за катастар,
а во овој момент за истиот во неколку владини институции се дава мислење, но
сметаме дека сето тоа трае предлого, порача Рибароски.

Антони Пешев, извршен директор на Стопанска комора истакна
дека комората е во позиција да помогне при решавањето на проблемите со кои се
соочуваат геодетските компании.

-Постои недоразбирање околу нивото на состојбите и
позицијатаа на тие компании и цениме во Стопанската комора дека со нашата
генерална позиција може да помогнеме во делот на дефинирањето на базичната поставеност
на оваа група на компании која еве веќе подолго време функционира, но се
соочува и со серија на проблеми, ќе  ми
биде мило доколку во месеците што следуваат ќе разговараме за успешно поставени
правила на игра кои на оваа група на компании ќе и направи многу
поблагопријатен аспект на функционирање, исто така очекуваме и изборите да
донесат сериозни промени.

Воедно изрази поддршка за иницијативата за задржување на
сегментот на отворен пазар за овие сервиси и оцени дека тоа ќе предизвика
реална можност за директен процес за натпревар на пазарот.

МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy